Home Вебкафе 5 века стар портрет на кралицата Елизабета Прва откриен во САД

5 века стар портрет на кралицата Елизабета Прва откриен во САД

Британската аукциска куќа ,,Бонамс” ја пренесе информацијата дека во американската сојузна држава Калифорнија е откриен одамна загубен портрет на британската кралица Елизабета Прва на млади години.

Сликата била направена во 1562 година, четири години по доаѓањето на Елизабета Прва на власт, кога приритет на британскиот двор бил таа да се омажи.

Со овој портрет биле привлекувани претставниците од кралските дворови низ Европа , на кои им бил праќан портретот на младата кралица.

Сликата ќе биде понудена на аукција во Лондон на 4. декември , а се проценува дека ќе достигне цена меѓу 150 000 и 250 000 фунти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Топ 7 прекрасни еротски филмови кои навистина ќе ве воодушеват

Еротиката и порнографијата се суштински различни концепти — барем така сметаме ние и некои…