5 додатоци кои не треба да ги земате со кафе
Мали трикови што ќе ти помогнат твоето тело навистина да ги искористи витамините и минералите!
Ако си од оние што не можат да го започнат денот без шолја (или две) кафе, не си сама. Кафето е утрински ритуал – без разлика дали го пиеш со појадок, пред вежбање или веднаш по будење, му дава енергија на телото да се разбуди. Но, ако истовремено земаш витамини или минерали, корисно е да знаеш дека кафето може да го намали нивното искористување.
1. Железо
Железото е клучно за енергија, хормони и клеточно здравје. Но, ако се зема заедно со кафе, телото може да го апсорбира и до 54% помалку! Не е само кофеинот виновен – своја улога игра и хлорогенската киселина присутна во кафето.
Решение: Земете го додатокот со железо еден час пред или после кафето, а најдобро е да го комбинирате со витамин Ц (на пример лимон или портокал) за подобра апсорпција.
2. Витамин Д
Витаминот Д не е лесно да се внесе преку храна, а телото го создава од сончеви зраци. Кофеинот може да ја намали неговата искористливост, па подобро е да се земе додатокот најмалку еден час по кафе.
Бонус: Земете го со мала доза здрави масти (на пример авокадо или маслиново масло) за подобро апсорбирање.
3. Б витамини
Овие витамини (Б1, Б2, Б7, Б9, Б12) се важни за енергија и за добар нервен систем. Но кофеинот делува како благ диуретик – што значи дека може да ги исфрли преку урината. Поради тоа, не ги комбинирај со кафе – почекај барем еден час.
4. Магнезиум
Магнезиумот помага при стрес, мускулни болки и за подобар сон. Ако го земеш со кафе, телото може да го искористи помалку. Најдобро е да се земе навечер, додека телото е во мир и без присуство на кофеин.
5. Калциум
Слично како магнезиумот, и калциумот може потешко да се апсорбира ако се земе со кафе.
Мал трик: Малку млеко во кафето може да помогне, но сепак најдобро е да се земе додатокот најмалку еден час по кафе.
Совет за крај: Мало растојание од околу еден час меѓу кафето и додатоците може многу да придонесе телото навистина да ги апсорбира сите хранливи материи што му ги даваш. А ако понекогаш и ги испиеш заедно, не се грижи – телото сепак ќе апсорбира барем дел од нив.
И не заборавај – додатоците се тука да ја надополнат исхраната, а не да ја заменат. Ако се храниш разновидно и здраво, можно е дури и да не ти бидат потребни.