Home Рецепти 5 необични вида џемови од летен зеленчук

5 необични вида џемови од летен зеленчук

Љубители сте на овошен џем? – Одлично. Од бобинки? – Уште подобро. А од зеленчук? – Хм, не сте сигурни?

Ви предлагаме да пробате пет необични и оригинални џемови со летен зеленчук, кои сигурно ќе ве изненадат!

1. Џем од модар патлиџан

Џемот од модар патлиџан потекнува од грузиската кујна. Вашите гости долго ќе се прашуваат од што е подготвен овој невообичаен десерт, а малкумина ќе погодат.

Потребни состојки:

1 кг мали модри патлиџани (6–8 см должина)
1.4 литри вода
1 лажичка сода бикарбона
1.5 кг шеќер
5 каранфилчиња, цимет или ванила по вкус

Подготовка:
Излупете ги модрите патлиџани, пресечете ги по должина на половина и стиснете ги малку со вилушка. За да не потемнат, веднаш ставете ги во ладна вода. Во една чаша топла вода растворете ја содата, па соединете со 4 чаши ладна вода. Потопете ги модрите патлиџани и оставете ги да стојат 5 часа. Исперете ги, па варете ги 5 минути во врела вода. Пригответе сируп од шеќер и прелијте преку патлиџаните, оставете да се вари 30 минути. Оставете да отстои 2 часа. Повторете ја оваа постапка три пати, а потоа варете го џемот 3 часа. На крајот додадете ванила и истурете го во стерилизирани тегли.

2. Џем од моркови

Потребни состојки:

1 кг моркови
1 кг шеќер
1 лимон
1 чаша вода

Подготовка:
Измијте ги морковите, излупете ги и исечете ги на тркалца. Посипете ги со шеќер и сокот од исцеден лимон, па прелијте со зовриена вода. Варете 1 час, додека морковите не омекнат и станат проѕирни. Врелиот џем ставете го во стерилизирани тегли и затворете ги добро.

3. Џем од тиквички

Потребни состојки:

1 кг тиквички
1 кг шеќер
половина чаша вода
1 лимон

Подготовка:
Излупете ги тиквичките, одстранете ги семките и исечете ги на коцки. Направете сируп од шеќер и половина чаша вода, прелијте преку тиквичките и оставете да зоврие. Додајте го лимонот и варете 45 минути. Ставете го врелиот џем во стерилизирани тегли.

4. Џем од домати

Потребни состојки:

1 кг зрели чери домати
1 кг шеќер
1 мал лимон
(по желба) ванила, ѓумбир или анис

Подготовка:
Измијте ги доматите и ставете ги 30 секунди во врела вода, потоа во ладна. Направете засек и излупете ги. Исецкајте ги и промешајте ги со шеќер, оставете да стојат преку ноќ. Варете го добиениот сок 1 час, додајте ја кората од лимонот и варете уште еден час. По желба можете да додадете ванила, свеже рендан ѓумбир или анис.

5. Џем од краставици

Потребни состојки:

1 кг краставици
1 шипка ванила
80 г ситно сечкан ѓумбир
сок и кора од 2 лимони
600 г шеќер

Подготовка:
Излупете ги краставиците, отстранете ги семките и исечете ги на тенки тркалца. Ставете ги во тенџере со шеќер и додадете ги останатите состојки. Варете на тивок оган 30 минути. Истурете во стерилизирани тегли и добро затворете.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

Печени праски со карамелизирани ореви и сладолед

Печени праски со карамелизирани ореви и сладолед Нема ништо поубаво од десерт кој спојува …