Home Вебкафе 5 необични начини да се разладиш летово

5 необични начини да се разладиш летово

Многумина луѓе имаат само една работа што им го нарушува уживањето во летниот период: врелината.

Но, да бидеме искрени, високите температури не се доволна причина да се откажете од сите убавини што ги носи летото.

Без разлика дали моментално сте во просторија без клима или се обидувате да се скриете во некоја сенка за малку освежување, постојат многу начини како да се справите со летото на интересен и „cool“ начин. А ако си велите дека едноставно ќе броите денови до есен, овие 5 неочекувани совети би можеле да ви станат најголемите сојузници против летните температури.

1. ВИ Е ПОТРЕБЕН ПОВЕЌЕ ВИТАМИН Ц

Да останете разладелени во текот на летото може да биде многу едноставно. Истражувачите од Универзитетот во Алабама откриле дека витаминот Ц ја подобрува толеранцијата кон топлина. Друго истражување покажало дека витаминот Ц спречува пораст на телесната температура при изложеност на топлина, дури и при доза од 250 милиграми.

2. НАПИЈТЕ СЕ МАЛКУ ЧАЈ ОД НАНЕ

Шолја чај од нане е одличен начин за освежување, благодарение на ментолот. Ова соединение го „мами“ телото да почувствува ладење. Дополнително, можете да ја испрскате кожата со чај од нане за моментален и природен ефект на разладување.

3. КАЖЕТЕ „ДА“ НА ЛУТА ХРАНА

Постои причина зошто луѓето во топлите предели обожуваат лута храна. Се покажало дека јадењето нешто луто помага телото да се разлади. Капсаицинот, состојката во пиперките што дава лутина, се врзува со рецепторите за болка во устата. Како одговор, мозокот предизвикува потење, со што се намалува телесната температура.

4. ЛАДНО ЛЕТО СО КОКОСОВА ВОДА

Во ајурведската медицина, кокосовата вода се користи заради нејзините природни разладувачки својства. Покрај тоа, таа е одличен извор на електролити кои се губат преку потење, па затоа претставува нискокалорична и здрава замена за енергетски пијалоци.

5. ПРОМЕНЕТЕ ГО СВОЈОТ МИРИС

Летото има свој мирис. Буквално. Сандаловина во ајурведата се користи за намалување на телесната температура. Ако барате летен парфем, пробајте масло од сандаловина. Освен што ќе мирисате прекрасно, ќе ви помогне и да се освежите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…