Кармините постојат за да му дадат боја на нашиот секојдневен сив тон и да го истакнат нашиот изглед дури и кога немаме ни грам шминка на лицето.
Од друга страна, ни се приближуваат новогодишните и божиќните празници, што значи дека сезоната на подароци е официјално отворена. Доколку вие обожавате кармини, или имате пријателка која е опседната со нега на кожа и козметика, сигурни сме дека ќе биде воодушевена од свечениот сет кој содржи повеќе од една нијанса на кармин.
Во галеријата издвоивме пет од најпопуларните празнични сетови кои можете да ги најдете онлајн или во продавниците!
Галеријата содржи вкупно 5 фотографии што претставуваат идеи за новогодишни подароци со кармини.
Извор на фотографиите: Инстаграм/welovecoco