Home Живот и здравје 5 начини да се справите со растот на забите кај вашиот пес

5 начини да се справите со растот на забите кај вашиот пес

Кога ќе дојде време, кучињата кои растат заби ќе почнат да ги грицкаат сите предмети што им се близу нозете.

Кучињата обично почнуваат да ги губат млечните заби (во зависност од расата) меѓу дванаесет и шеснаесет недели возраст. Додека им растат трајните заби, кучињата почнуваат да ги грицкаат речиси сите предмети на кои ќе наидат за да ги испробаат новите заби и да ги ублажат иритираните непца.

Еве како да спречите уништување на предмети во домот и да му помогнете на кучето да го преброди полесно овој период.

1. СКРИЈТЕ ГИ СИТЕ ВАЖНИ ПРЕДМЕТИ ВОН ДОФАТ НА КУЧЕТО

За да се спречи кучето да направи штета или да се повреди, многу е важно да ги тргнете предметите од подот и ниските места. Исто така, не заборавајте да ги обезбедите каблите и жиците, бидејќи како што знаете, можат да предизвикаат сериозни повреди. Доколку не можете да ги тргнете од подот, обезбедете ги со пластични покривачи.

2. НАБАВЕТЕ МУ ИГРАЧКИ ЗА ЃРИЗКАЊЕ

Со тоа што ќе му купите играчки за ѓризкање, кучето нема да има потреба да ги грицка другите предмети. Доколку кучето не е заинтересирано за играчките, можете да ги премачкате со масло на кое претходно сте пржеле месо, но е важно да не претерате со тоа. За да одржите интересот на вашето куче, повремено менувајте ги вкусовите со кои ќе ги премачкувате играчките. Што и да користите, уверете се дека е безбедно за здравјето на вашето куче.

3. ПОКРАЈ ИГРАЧКИТЕ, ПОНУДЕТЕ МУ КОЦКИ МРАЗ

Не само што ќе му помогнат да се освежи, туку и ќе го намалат отоците и ќе ја смират иритацијата на непцата. Можете да ги оставите коцките мраз во садот за вода, па кучето ќе ги користи кога ќе почувствува потреба. Ако кучето е мало и не може да го стави мразот во устата, можете да користите дробен мраз.

4. МАСИРАЊЕ НА НЕПЦАТА

Иако не секој може да го направи тоа, некои ветеринари би ви препорачале да му масирате непцата на кучето за да му помогнете да се ослободи од отоците и иритацијата. Ова можете нежно да го направите додека му ја држите вилицата и нежно ги масирате горната и долната страна неколку минути во денот.

5. ОБЕЗБЕДЕТЕ ДА КУЧЕТО ПРОДОЛЖИ СО СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ

Ако не му ги скратите секојдневните активности, ќе му го одвлечете вниманието од иритираните непца. Со тоа што ќе го изведете на прошетка или ќе го пуштите да потрча во дворот (додека го набљудувате, се разбира) ќе направите кучето да се фокусира на нешто друго.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Утринска смена: Нов тренд кој го менува начинот на кој го започнуваме денот

Во свет кој секојдневно нè преплавува со информации, нотификации и трендови, лесно е да го…