Home Рецепти 4 начини како да зготвите пченка

4 начини како да зготвите пченка

4 начини за подготовка на пченка

Ви предлагаме неколку едноставни начини да подготвите сезонски деликатес.

Пченката е одличен избор за здрава ужина. Вкусна е и лесно сe вари. Зрното од пченката содржи околу 70% скроб, а остатокот се состои од протеини и мала количина масти. Богата е со витамини A, B, D, E и K, како и со калиум, фосфор, железо, магнезиум и калциум.

Постојат неколку начини за подготовка на пченка. Таа е највкусна кога се вари во посолена вода, на пареа или се пече. Исто така, пченката може да се маринира и замрзне, со што може да уживате во неа и во ладните зимски денови.

1. ВАРЕЊЕ ВО ВОДА

Во тенџере ставете вода со малку сол и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, ставете ја пченката излупена од листовите. По 10 минути, завртете ја со вилушка и продолжете со варење додека не добие бледо жолта боја од двете страни. Потоа оставете ја уште 10 минути, исплакнете ја со ладна вода и сервирајте ја. Можете да ја премачкате со немасен путер или со малку маслиново масло.

2. ВАРЕЊЕ НА ПАРЕА

Овој начин на готвење подразбира подготовка на храна со пареа на температура од околу 120 °C. Варењето на пареа може да се направи во специјален пареар или во обично тенџере со дебело дно и помало садче што стои внатре. Овој начин ја забрзува подготовката во споредба со традиционалното варење. Се задржуваат повеќе хранливи материи, а пченката има поизразен природен вкус, цврстина и боја.

3. ВАРЕЊЕ ВО МЛЕКО

Пченката по природа има благ вкус, поради што е одлична кога се вари во млеко. Процедурата е иста како и со вода, односот е 1:1. Одлична идеја за здрав оброк е крем супа од пченка, односно чорба. Таа може да се подготви со млеко и цимет или со морски плодови – егзотична варијанта.

4. ПОДГОТОВКА ВО МИКРОБРАНОВА

Излупената и исчистена пченка ставете ја во погоден сад, прелијте ја со половина чаша вода и покријте ја со пластична фолија (со две дупки за пареа). Ставете ја микробрановата на максимална температура и гответе ја 5 до 7 минути.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имате застоен леб? Не го фрлајте – направете најсочен чоколаден колач!

Имате стар леб? Не го фрлајте – направете најсочен чоколаден колач! Заборавете на сè што с…