Home Живот и здравје 4 масла со чија помош ќе имате густи веѓи

4 масла со чија помош ќе имате густи веѓи

Кога станува збор за изглед, веѓите значително може да го подобрат изгледот на лицето. Убавите веѓи даваат помлад изглед.

Доколку не одите во козметички салони со помош на овие 4 масла може да ги негувате.

Маслиново масло

Тоа е богато со витамини А и Е, кои го поттикнуваат растот на косата. Се што треба да направите е да нанесете неколку капни од ова „магично“ масло и кратко да измасирате.

Кокосово масло

Кокосовото масло е многу достапно и исто така го подобрува растот на веѓите. Тоа ја хидрира кожата ппод окото и влијае на густината. Ова масло се нанесува пред спиење, а се отстранува дури следното утро.

Рицинусово масло

Е едно од најефикасните кога станува збор за густина на веѓите. Богато е со протеини и масни киселини, го подобрува квалитетот на влакната и поттикнува раст. Чистото рицинусово масло може да предизвика иритација па затоа треба да го тестирате пред употреба.

Бадемово масло

Тоа масло содржи антиоксиданти и витамини што влијаат на растот. Но исто така ја омекнува и кожата, што резултира со поквалитетни влакна. Нанесете го ова масло на веѓите и лесно масирајте, а по неколку часа отстранете го.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како правилно да го облечете детето во топло време: 5 корисни совети

Како да го облечете вашето дете во текот на летото: 5 корисни совети Прочитајте неколку пр…