30-годишно лице утрово се самоуби во скопски Аеродром


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесе првично Министерството за внатрешни работи, денес, во 7.15 часот,  во СВР – Скопје било пријавено самоубиство на машко лице на возраст од триестина години кое се случило во скопската населба Аеродром. 

– Во 7.15 часот беше пријавено во СВР Скопје дека на улица Методија Шаторов Шарло во населба Аеродром, момче на триесетина години со скокање од зграда извршило самоубиство. По пријавата екипите на СВР – Скопје се излезени за да извршат увид – велат од МВР Скопје.

Момчетото скокнало од 12 кат и починало на лице место. Од МВР немат детали за самоубиството, а пред зградата каде утрово било подигнато мртвото тело можеле да се забележат само вознемирените комшии кои зборуваат тиввко за она што ги утрово ги шокирало.

Луѓето го познаваат соседот, но не биле расположени за муабет со претставници од медиумите кои пренесуваа за настанот. Велат дека било добро момче, а што го натерало на ваков чекор знае самот тој.