3 знаци кои покажуваат дека вашата лубеница е расипана
Лубеницата е едно од најомилените овошја во летниот период, не само поради освежувачкиот вкус, туку и затоа што долго нè држи сити. Сепак, доколку не живеете во големо семејство, тешко дека ќе ја изедете целата лубеница веднаш. Тоа значи дека постои поголема веројатност брзо да се расипе. За разлика од другите овошја, кај лубеницата не е секогаш лесно веднаш да се забележи дали е веќе за фрлање.
1. Мирис
Природниот мирис на лубеницата е сладок и свеж. Кога еднаш ќе се расипе, тој убав мирис исчезнува и се појавува непријатна миризба слична на расипана храна. Ако наместо слатка арома почувствувате киселкаст или чуден мирис – време е да ја фрлите.
2. Текстура
Кога ќе ја пресечете свежата лубеница, нејзината внатрешност е цврста и сочна. Но, ако по неколку дена забележите дека станала лизгава и има некој сјај на површината, тоа е знак дека процесот на расипување веќе почнал. Ако неможете да ја препознаете оригиналната текстура на пулпата – не ризикувајте.
3. Вкус
Дури и ако изгледа свежо, ако парчето лубеница на вкус делува кисело или “газирано”, нема повеќе што да размислувате – веднаш ја фрлете! Тоа значи дека ферментацијата веќе почнала.
Најдобро е да ја консумирате лубеницата во рок од неколку дена по сечењето. Немојте да ја чувате во фрижидер повеќе од една недела. Бидејќи содржи околу 92% вода, откако ќе ја отворите и ја ставите во фрижидер, таа полека почнува да испушта сок. Одличен совет е тој сок да го истурите во чаша и да уживате – вкусен е и освежувачки!
Вреди да се напомене дека правилното чување на лубеницата значително придонесува за нејзино подолго траење. Идеално е да ја изедете во рок од 3 до 4 дена по сечењето. Не вреди да ризикувате со сомнително овошје. Ако имате барем мал сомнеж, подобро е да ја фрлите. Купете свежа, зрелa и мирисна лубеница – и уживајте во вкусот на летото!