Home Вебкафе 3 причини зошто почесто треба да го оставате телефонот и да им дозволите на мислите да талкаат

3 причини зошто почесто треба да го оставате телефонот и да им дозволите на мислите да талкаат

3 причини зошто треба почесто да го оставате телефонот и да ги пуштите мислите да скитаат

Скоролувањето стана нова рефлексна навика.

Чекаме ред, пиеме кафе, правиме пауза – раката автоматски посегнува по телефонот. Но токму во тие мали, тивки моменти се случува нешто важно што често го прескокнуваме: замислување, скитање на мислите, јаве сон. Токму тука се кријат придобивките што ниту еден фид не може да ги понуди.

Она што во психологијата се нарекува daydreaming или дневна фантазија, всушност е состојба во која умот се оддалечува од надворешната врева и почнува да креира слики, сценарија и идеи. Без план, без притисок, без цел. Додека телото останува во сегашниот момент, вниманието патува – напред, назад или сосема надвор од реалноста.

Иако звучи како „губење време“, науката со децении потврдува спротивното: луѓето значителен дел од будниот дел на денот го поминуваат токму во оваа состојба. Интересно е и тоа што многумина се чувствуваат непријатно кога остануваат сами со своите мисли – па претпочитаат да се дофатат за телефонот отколку да си дозволат неколку минути тишина. Штета, бидејќи сонувањето со отворени очи има моќ да го подобри секојдневниот живот на повеќе нивоа.

1. Затоа што носи повеќе задоволство отколку што очекуваме

Постојат предрасуди дека здодевноста и тишината се непријатни. Во реалноста, кога умот ќе добие малку слобода, многу брзо наоѓа теми што инспирираат, смируваат или забавуваат. Сонувањето со отворени очи овозможува истражување на идеи, замислување ситуации што сè уште не се случиле и подлабоко разбирање на своите и туѓите емоции.

Се разбира, мислите понекогаш можат да одат и во не толку пријатна насока. Во тие моменти помага таканареченото креативно, позитивно сонување – фокусирање на цели, убави сценарија, планови или едноставни нешта што будат чувство на смисла и исполнетост. Умот сака да „работи“ кога ќе му се даде правилен материјал.

2. Затоа што поттикнува креативност и решавање проблеми

Најдобрите идеи ретко се раѓаат под притисок. Тие доаѓаат додека правиме нешто рутинско – за време на туширање, прошетка, возење или средување по дома. Тогаш, кога мислите не се фокусирани на конкретна задача, мозокот почнува да поврзува работи на изненадувачки начини.

Скитањето на умот овозможува согледување на проблемите од поширока перспектива. Решенијата што претходно изгледале недостижни стануваат појасни кога прекинуваме со форсирање. Јавењето е всушност тивка лабораторија за креативни пробиви.

3. Затоа што ги продлабочува односите со другите

Иако изгледа како сосем лично искуство, сонувањето има силен општествен ефект. Замислувањето разговори, средби или убави моменти со сакани личности го засилува чувството на блискост и разбирање. На тој начин, умот вежба емоции, реакции и социјални ситуации.

Преку овие ментални симулации, полесно учиме лекции од минатите искуства и се подготвуваме за идни односи. Сонувањето помага да ги гледаме другите со повеќе емпатија, а комуникацијата станува поприродна и подлабока.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…