Home Живот и здравје 3 начини како тестенините можат да ви помогнат да слабеете

3 начини како тестенините можат да ви помогнат да слабеете

Кога станува збор за слабеење, јаглехидратите во тестенините обично имаат лоша репутација.

Но здравите јадења со тестенини се нешто сосема поинакво. Всушност, една скорашна студија покажа дека тестенините може да бидат дел од здрава исхрана и дури да помогнат во процесот на слабеење.

Медитеранската диета е избалансиран начин на исхрана кој не исклучува цели групи на храна. Наместо тоа, се темели на умерено консумирање на сите намирници – вклучувајќи ги и тестенините. Затоа е одличен избор за оние кои сакаат одржлив пристап кон исхраната. Без разлика дали сакате да изгубите килограми, да се чувствувате поздраво или едноставно барате нови начини да уживате во омилените тестенини, следуваат три совети како тоа да го направите на најздрав начин.

1. Не заборавајте на протеините

Една порција тестенини не е премногу калорична (обично содржи околу 250–300 калории), но скробот што го содржи може да го крене нивото на инсулин и шеќерот во крвта многу брзо. А кога шеќерот набрзо потоа ќе падне, често се јавува потреба за уште рафинирани јаглехидрати.

Добрата вест е што тоа може да се спречи со додавање протеини, масти и влакна во јадењето. Протеините треба да сочинуваат една четвртина од чинијата. Ако слабеењето ви е цел, тоа е уште поважно.

Протеините помагаат да се зачуваат мускулите додека се намалува маста, а го забрзуваат и согорувањето на калории. Свежа риба, како лосос или ракчиња, покрај протеините, содржи и омега-3 масни киселини кои се корисни за мозокот и телото.

Ако не сте љубител на морска храна, можете да изберете немасно пилешко месо.

За веганите, комбинацијата од тестенини и мешунки е меѓу најздравите избори. Бел грав ќе додаде кремаста текстура, растителни влакна и протеини, а леќата ќе придонесе за вкус сличен на месо.

2. Не плашете се од мастите

Здравите масти се варат побавно од јаглехидратите, што значи дека подолго чувствувате ситост. Под поимот „здрави масти“ се подразбираат мононезаситени и полинезаситени масни киселини, кои го намалуваат лошиот (ЛДЛ) холестерол и помагаат во превенција на дијабетес тип 2.

Додадете една мала лажичка маслиново масло, зачинете со сол, бибер и омилени зачини по вкус. Ако внимавате на калории, подобро е да измерите отколку да налевате директно од шишето – една лажица има околу 119 калории.

Ако сакате нешто ново, пробајте да додадете авокадо во јадењето со тестенини.

3. Тестенини со зеленчук

Кога се подготвуваат јадења со тестенини, зеленчукот треба да е ѕвезда во чинијата. Добро правило е да се вклучат 2 до 3 порции зеленчук во секој ваков оброк, за да се зголеми внесот на влакна.

Повеќето жени треба да внесуваат околу 25 грама влакна дневно, но просечно внесуваат меѓу 15 и 22 грама. Кај мажите препораката е 38 грама, а реалниот внес е обично меѓу 20 и 26 грама.

Заради тоа, милиони луѓе секојдневно се соочуваат со запек.

Добрата страна е што љубителите на тестенини не мораат да се откажат од вкусот и да се свртат кон „здодевни салати“ – доволно е да се додаде доволна количина зеленчук во оброкот.

Нема „најдобар“ зеленчук – артичоки, грашок, брокула и тиквички се одличен избор, но и варен домат, кромид и спанаќ се вкусни и здрави опции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто секогаш имаме глад навечер – и која храна е најдобра за доцно грицкање

„Тешко“ време кога се појавува желбата за грицкање… Лежите во кревет или се релаксир…