Home Актуелно 3 години затвор и да плати 36 милиони евра – така се спогоди Мијалков за случајот „Империја“

3 години затвор и да плати 36 милиони евра – така се спогоди Мијалков за случајот „Империја“

Бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков, денеска и официјално се спогоди со Обвивинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот ,,Империја”, пренесува Фокус повикувајќи се на сигурни извори.

Поточно Мијалков призна вина, и со обвинителството се спогоди да лежи 3 години во затвор и да плати 36 милиони евра. Оваа спогодба денеска беше аминувана во Кривичниот суд, по што се официјализираше.

Како што пренесува Фокус, договорено е дел од сумата да ја уплати во кеш, а поголемиот дел да се наплати преку имотот кој веќе му е конфискуван.

Пред Мијалков со обвинителството се спогодија и Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ. Камчев треба да одлежи една година затвор, а плати 5 милиони евра.

Овој случај го отвори поранешното СЈО, а предметот го работеше обвинителката Лиле Стефанова.

Освен Камчев, Мијалков и Јосифовиќ, во овој случај како осомничени се спомнуваа и Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…