Home Живот и здравје 3 ефикасни начини како да се справите со несоницата

3 ефикасни начини како да се справите со несоницата

Постојат многу билни апчиња, забавни мимови и безброј разговори на тема несоница, бидејќи овој проблем ги засега голем број луѓе.

На крајот на денот, кога е најсоодветното време да си ги прелистате во глава сите работи што ви ги кажала пријателка во текот на денот, што ве растажиле, да размислувате за финансиски обврски и тој напнат состанок на работа? Се разбира, токму пред спиење.

За почеток, несоницата е пореметување на сонот, а често е проследена со дневна поспаност, намалена енергија, раздразливост и депресивно расположение.

Фокусирањето на работи што предизвикуваат стрес може да го зголеми нивото на кортизол (хормонот на стресот) или крвниот притисок. Точно кога ќе легнете и ќе почнете да размислувате за сите тие грижи, вие го ставате телото во состојба на подготвеност, а смирување е тогаш речиси невозможно. Сепак, постојат начини што можат да помогнат.

1. АНАЛИЗИРАЈТЕ НА ХАРТИЈА

Ако сте под стрес заради обврските што ве чекаат утредента, запишете ги во тетратка. Така ќе ги ослободите мислите и ќе можете полесно да заспиете. Ако не го организирате своето време и не направите план, ќе се грижите за тоа дали сте нешто заборавиле. Дополнително, самото запишување и размислување за напишаното може да ви открие дека нештата што ве мачат, всушност, не се толку „страшни“ ниту невозможни.

2. РАЗМИСЛУВАЈТЕ ЗА ПОЗИТИВНИ РАБОТИ

Запишете или само сетете се на работи за кои сте благодарни. Може да биде вашето здравје, вашата работа, семејството, партнерот, или некое мало достигнување или убав комплимент што сте го добиле во текот на денот. На тој начин, негативните мисли ќе бидат заменети со позитивни, па ќе се опуштите и ќе се справите полесно со несоницата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои чувствуваат благодарност спијат поквалитетно.

3. „ЗАФАТЕТЕ ГИ“ МИСЛИТЕ

Пронајдете нешто што ќе ви ја одвлече вниманието од мислите што ве оптоваруваат. Пример, можете да броите од 100 наназад до 0. Друга опција е да направите „скенирање“ на телото – обрнете внимание на телото, започнувајќи од петите нагоре: дали чувствувате притисок, пецкање, студ. Трет начин е да размислувате за случајни, неповрзани зборови (на пример: мачка, топче за голф и слично) додека не заспиете. Иако звучи чудно, овие методи навистина функционираат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Останете здрави цела зима со овие топли напитоци

Зиме, за да имаме силен имунитет и да се заштитиме од вируси, избираме да ја збогатиме наш…