Home Актуелно 15-ка на струја: Во Скопје ќе почне да сообраќа првиот електричен автобус

15-ка на струја: Во Скопје ќе почне да сообраќа првиот електричен автобус

Во договор со компанијата „Чериот електрик бас““, град Скопје ќе го пушти во сообраќај првиот електричен автобус кој ќе сообраќа автобуската линија со број 15 .

Електричниот автобус ќе почне да сообраќа на градските улици во април годинава, и тоа на линијата со број 15 на ЈСП од Ново Лисиче до Карпош 4, по следната траса: булевар Јане Сандански, булевар Кочо Рацин, улица Димитрие Чуповски, булевар Партизански одреди и обратно. Во возилото може да се превезуваат до 85 патници.

Електричниот автобус ќе биде дел од јавниот превоз во шестмесечен тест период. По пробното возење, градската управа ќе донесе одлука дали градот ќе набави вакви автобуси.

Автобусите на „Чериот електрик бас“ се по цена од 450 до 500 илјади евра, но имаат двојни придобивки во тоа што немаат никакви емисии на издувни гасови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…