
Сексуалниот живот навистина може да стане монотон ако ништо не се менува, но со малку труд, страста може брзо да се разбуди повторно.
Ако не знаете или не сте сигурни како да ја вратите возбудата во спалната соба, еве неколку предлози од сексуални терапевти кои се едноставни, ефективни и даваат сигурни резултати.
1. Почесто облекувајте интересни чорапи и подгаќи со жартери. Секси долна облека многу брзо ќе го возбуди и ќе ја загрее атмосферата.
2. Интимните делови нека бидат уредни. Ако не сте љубителка на депилација или пак не сте имале време да стигнете до салон, секогаш можете со крема или жилет да се средите по свој избор.
ИГРАЈТЕ УЛОГА И ОСВОЈТЕ ГО ОДНОВО
3. Танц во скутот? Не постои маж што ќе го одбие тоа. Не мора да изгледате како филмска дива ниту да носите скапа долна облека. Облечете само негова кошула и покажете му ја вашата дива страна.
4. SMS пораки или е-пошта може да го доведат до точка на вриење, ако знаете со зборови. Испратете му порака како: „Едвај чекам да се вратиш дома. Имам изненадување за тебе… ;)“
5. Ако не живеете заедно или сте на далечина, пробајте телефонски секс. На почетокот може да биде малку необично, но ќе се пуштите брзо.
6. Обавезно испробувајте нови работи во сексот. Секс играчки или филмови знаат убаво да го изненадат и возбудат.
7. Освободете се од задржувањата и покажете колку уживате – викнете, стенкајте, и целосно препуштете се на чувството.
8. Мажите сакаат кога им кажувате што да прават, барем кога е секс во прашање. Земете ја неговата рака и водете го по вашето тело.
9. Не прескокнувајте орален секс. Често е најбрз начин да му го забрзате пулсот.
10. Играјте се со зборови и додајте нова димензија на „непослушно“. Во почетокот можеби ќе ви биде чудно, но брзо ќе влезете во улога и ќе ги разгорите страстите кај вашиот партнер.
11. Одберете неколку секс играчки, сокријте ги од него и изненадете го тотално кога најмалку очекува.
12. Не бидете мрзеливи – менувајте пози, испробајте и некои нови. Можеби некоја ќе ви стане омилена.
13. Пречекајте го на врата кога се враќа од работа, облечена само во неговите омилени боксерки или, на пример, со вратоврска.
14. Искористете го моментот кога е под туш – спуштете се под водата без најава и изненадете го.