Home Актуелно 123 новозаразени и тројца починати од коронавирусот во последните 24 часа

123 новозаразени и тројца починати од коронавирусот во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1.312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје-54, Куманово-5, Дебар-4, Штип-18, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-16, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1, пренесуваат од Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:Скопје-23, Дебар-1, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-15, Битола-7, Гостивар-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Кичево-5, Ресен-5.

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079. Од вчерашните тестирања, еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4466, активни 1938

• Куманово 945, активни 257

• Дебар 179, активни 114

• Штип 677, активни 349

• Прилеп 314, активни 51

• Тетово 967, активни 287

• Струга 396, активни 189

• Велес 209, активни 27

• Битола 98, активни 46

• Охрид 255, активни 104

• Кавадарци 32, активни 18

• Гостивар 337, активни 217

• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)

• Струмица 31, активни 21

• Крива Паланка 22, активни 8

• Радовиш 27, активни 22

• Крушево 15, активни 10

• Кочани 90, активни 20

• Пробиштип 46, активни 27

• Демир Хисар 20, активни 18

• Македонски Брод 10, активни 6

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 12, активни 7

• Свети Николе 207, активни 192

• Кичево 109, активни 85

• Ресен 142, активни 53

• Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1312 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-132, Биотек-131, МАНУ -125, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-7, ГАК-13. Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.

Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 280

• Аеродром – 204

• Бутел – 141

• Гази Баба – 206

• Центар – 165

• Карпош – 171

• Сарај – 114

• Кисела Вода – 169

• Ѓорче Петров – 125

• Студеничани – 107

• Шуто Оризари – 108

• Арачиново – 34

• Илинден – 25

• Петровец – 23

• Чучер Сандево – 11

• Сопиште – 20

• Зелениково- 13

• Странец – 7

• Нераспределен- 15

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…