Нашиот омилен есенски плод ни нуди навистина многу можности за употреба. Тој е главната состојка во вкусните и мирисни пити, потаж супи, кремести јадења, пудинзи, балсами и маски за коса. Веќе погодувате за кој плод станува збор – секако, тиква.
Ако уживате во DIY проекти, денес ви подготвивме една интересна идеја – домашен сапун од тиква. Состојките што ќе ви бидат потребни за оваа мини авантура, веројатно веќе ги имате во вашата кујна, а за само десет минути ќе добиете целосно природен производ кој ќе биде нежен кон вашата кожа.
Без парабени, сулфати и други штетни состојки што ја сушат кожата и посебно ѝ штетат во студените зимски месеци, сапунот од тиква претставува природна заштита на вашите раце од студот и сушењето.
Состојки:
- база за сапун со шеа путер
- боја за сапун по избор
- калап за сапун
- зачини од тиква
- мерна чаша погодна за микробранова
Подготовка:
Исечете ја базата за сапун на мали парчиња и ставете ги во мерната чаша што може да се користи во микробранова. Загрејте околу 30 секунди додека не се стопи. Промешајте темелно за да се добие рамномерна растопена смеса.
Во стопената база додадете две лажици зачини од тиква и неколку капки боја за сапун. Ако сакате сапунот да биде поинтензивен по боја, додајте малку повеќе, иако бојата е целосно по избор. Не се грижете, оваа боја е создадена така што не остава траги на рацете и лесно се мие при перење.
Истурете ја добиената мешавина во калапот и оставете да се стврдне и олади најмалку 30 минути. По тоа, вашиот природен, домашно направен сапун од тиква е подготвен за употреба!