Твитер поштено удри по политичарите – нема да им дозволува отворено да навредуваат


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новата политика на Twitter во врска со содржините кои ги објавуваат нивните корисници е насочена кон воспоставување баланс помеѓу слободата на изразување и одговорност во објавите од политичарите ширум светот. Во тој контекст, од Твитер најавија дека примарно ќе ја намалат видливоста на твитови кои ги кршат правилата, а доаѓаат од главните извори како што се политичарите.

Твитер објави дека новите правила ќе се применуваат во случај кога корисниците се политичари и владини претставници со повеќе од 100.000 следбеници.

„Сега јасно ќе ги одбележиме сите твитови кои ги кршат нашите услови на користење, зашто решивме да ги оставиме само во интерес на јавноста”, рече Џек Дорси, еден од лидерите на компанијата.

Навредливите твитови ќе бидат покриени со предупредување, а корисниците ќе мора да кликнат на врската за да ги видат.

Критичарите велат дека оваа социјална мрежа не направила доволно за да ги контролира твитовите на политичарите кои би биле отстранети доколку би биле објавени од обичен корисник. Некои бараат од Твитер да се отстранат твитовите на претседателот на САД, Доналд Трамп и други политичари. Трамп на Твитер има 61 милион следбеници, а многу од неговите објави завршуваат како вести.

Белата куќа не сакаше да ја коментира најавата на компанијата.