Славни

„Тежи“ милијарди: Откриено кое е новото момче на Ријана (фото)

Ријана (29) очигледно не обрнувала многу внимание дека некој ја фотографира, додека разменувала страсни бакнежи со своето ново момче во базенот на една вила во Шпанија. Фотографиите со брзината на светлината се најдоа на страните на таблоидите.

Во прв момент никој не знаел кое е таинственото ново момче, но откако веста се прошири, набрзо е откриено за кого станува збор.

Во прашање е саудискиот милијардер и бизнисмен кој потекнува од едно од најбогатите семејства на светот. Неговото богатство се проценува на 1,5 милијарди долари.

Неговото име е Хасан Џамил (29), чиешто семејство инаку ги држи правата на продажбата на возилата на „Тојота“ на Средниот Исток.

Хасан исто така е потпретседател на семејниот бизнис Абдул Латиф Џамил, една од најголемите компании во светот.

Иако нејзините обожаватели сметаат дека таквата врска нема иднина, бидејќи за него Ријана е „забранета“, сепак, и оддаваат признание, бидејќи „уловила“ милијардер.

To Top