Реал се откажа од Ериксен, Данецот гледа кон Манчестер и Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиан Ериксен јавно потврди дека нема намера да го продолжи договорот со Тотенхем и дека е спремен да ја промени средината ова лето.

Негова најголема желба беше трансфер во Реал Мадрид, но последните информации од Шпанија се дека „кралевите“ се откажале од негов ангажман.

После трансферот на Еден Азар и потрошените 300 милиони евра, „кралевите“ сакаат да направат уште еден голем трансфер, но приоритет е Пол Погба, па затоа се откажаа од Данецот.

Ериксен има уште една година од договорот со Тотенхем, па „спарси“ ќе мораат да го продадат ова лето за да зарботат од неговото заминување.

Интер за Ериксен во моментов покажуваат Манчестер Јунајтед и Јувентус. Меѓутоа, „бјанконерите“ се сакаат да ја платат сумата од 100 милиони евра, колку што бара Тотенхем за неговата слобода.

Поради тоа Манчестер Јунајтед се смета за фаворит за потписот на Ериксен, бидејќи „црвените ѓаволи“ нема да жалат пари за да го донесат на „Олд Трафорд“.