Претседателски избори I круг – Резултати според Граѓанска Асоцијација МОСТ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според ПВТ програмата на Граѓанска Асоцијација МОСТ, ова се резултатите од првиот круг на Претседателските избори 2019 година.

Според податоците добиени од ПВТ програмата, одѕивот на гласачите е 41,67% со маргина на грешка од +/- 0,5%. Процентот на неважечки ливчиња е 4,33%.
Од важечките ливчиња, за првиот круг од претседателските избори добиени се следните резултати со максимална маргина на грешка од +/- 0,5%:
1. Блерим Река – 10,98%
2. Гордана Сиљановска-Давкова – 44,32%
3. Стево Пендаровски – 44,7%
НАПОМЕНА: Поради фактот што резултатите за првите два кандидати се во маргината на грешка, НАПОМЕНУВАМЕ дека во официјалните резултати може да има промена во редоследот на првите два кандидати според освоените гласови.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, беа распоредени исто толку набљудувачи, со што беа покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.