Средната оценка на екстерните испити од државната матура за учебната 2016/2017 во јунскиот испитен рок е 3.39, соопшти Државниот испитен центар. Резултатите се објавени во училиштата, како и електронски на matura.gov.mk. Ова е прелиминарна средна оценка за успехот од полагањето државна матура, за што од денеска до 10 јули до 15 часот може да се поднесуваат приговори до училишните комисии. …