Со голема болка и жалење, Македонскиот народен театар соопшти дека почина „тивката дама на македонското актерство“, актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018). Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но …