Во 2001 година во Република Македонија, кај Татиќев Камен во општината Старо Нагоричане, беше откриен археолошки локалитет од бронзеното доба со огромно значење за следењето на развојот на човековата цивилизација. Пронајдените артефакти во археолошките кампањи, како и спроведената археоастрономска анализа во годините кои следеа, покажаа дека локалитетот ги има сите карактеристики на митска света планина, но и на древна опсерваторија. …