Индекс за квалитет на воздух

Индексот за квалитет на воздух се користи за опис на квалитетот на воздухот на едноставен начин преку лесно разбирлива колор шема. Се заснова на средни часовни вредности на концентрациите на загадувачките супстанции, и дава карактеризација на квалитетот на воздухот.

Индексот ги зема во предвид концентрациите на сулфур диоксид (SO2), азот диоксид (NO2), суспендирани честички (PM10), фини честички (PM2,5), озон (O3) и јаглерод моноксид (CO). Измерените концентрации се споредуваат со постојните упатства за квалитет на воздухот.

Овој индекс за квалитет на воздух е развиен преку Заеднички информации за воздух во Европа (CITEAIR) проекти финансирани од Европската унија.


Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

To Top