Спорт

Кутињо веќе се договори со ПСЖ

Додека Барселона бара начин како да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, помош доаѓа од Филипе Кутињо, тврдат каталонските медиуми.

Барселона сака да го вклучи Бразилецот во трансферот на Нејмар, а медиумите тврдат дека Кутињо веќе се договорил со Пари Сент Жермен.

Неговите агенти се во Париз веќе неколку дена и водат преговори со новиот спортски директор на клубот, Леонардо. На крајот тие рекле ДА на можноста Кутињо да и годишно да заработува 20 милиони евра.

Барселона испрати понуда од 70 милиони евра, плус Кутињо и Ракитиќ во замена за Нејмар кој по пауза од две години повторно би настапувал на „Камп Ноу“.

Со пристигнувањето на Кутињо и на Ракитиќ, францускиот шампион би си ги решил сите проблеми со средниот ред и би му ја исполнил желбата на Килиан Мбапе кој треба да биде лидер на новиот тим.

Advertisements
To Top