Спорт

Кака ја носи новата бразилска ѕвезда во Милан

Европските гиганти буквално „полудеа“ по новата бразилска ѕвезда Лукас Пакета од Фламенго.

Пакета блеска во дресот на Фламенго, а неодамна дебитираше и за бразилската репрезентација, па во моментов важи за еден од најголемите бразилски таленти и му се предвидува блескава иднина.

Европските гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис, па нема да биде чудно ако Пакета го гледаме во Европа уште од јануари.

Милан, Јувентус, ПСЖ и Барселона се силно заинтересирани да го донесат Пакета во своите редови, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ имаат „ас“ во ракавот.

Имено, Рикардо Кака веќе ја започнал мисијата и имал неколку средби со својот сонародник да го убеди да го избере Милан.

Пакета има откупна клаузула од 50 милиони евра, а најголем конкурент на Милан во моментов е ПСЖ кој е спремен веднаш да ја активира клаузулата.

Италијанските медиуми тврдат дека токму Кака може да одигра клучна улога и да го убеди да го избере Милан пред ПСЖ, бидејќи на „Сан Сиро“ има помала конкуренција и сигурно ќе добива поголема минутажа.

Останатите клубови внимателно ја следат ситуацијата, па нема сомнеж дека Бразилецот наскоро ќе се пресели во Европа… останува да видиме во кој клуб.

Advertisements
To Top