Чеферин открива пикантерии: Ми нудеа 3,5 милијарди евра мито за да дозволам да ја направат Суперлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на неговото гостување во ХТВ зборуваше за рушењето на Суперлигата, а откри и дека му било понудено мито од 3.5 милијарди евра.

Кога била ситуацијата со Суперлигата, Чеферин бил заедно со Звонимир Бобан.

„Со Бобан бевме заедно во автомобилот, одевме за Швајцарија кога тоа се случуваше. Од првиот момент беше позитивен. Добро е што имав некој таков покрај себе, а не некој кој се плаши дека ќе изгубиме сè и фудбалот ќе оди во пропаст. Ми кажа – ајде да се обложиме во вечера дека ќе ги срушиш во два дена. Сè уште му ја должам таа вечера“.

„Знаев дека морам да бидам агресивен и дека се мора да се заврши за 48 часа за да немаат шанса за успех. Бев сигурен дека се бориме за доброто фубдалот. Тие 48 часа, ниту јадев, ниту пиев, но на крајот се исплатеше“, изјави Чеферин.

Тврди дека му било нудено мито.

„Кога сè беше завршено добив повик од еден од луѓето кои лобираа за Суперлигата. Ми кажа дека може да ни дадат 3,5 милијарди евра за да им дозволиме да го направат тоа натпреварување. Му одговорив дека некој тука е луд, дали јас или тој. Од тогаш не ме побараа. Сигурен сум дека сме мирни по тоа прашање во наредните десет години“, порача првиот човек на УЕФА.