Пожар избувна попладнево во центарот на Скопје, во зградата на Интекс, пренесува Плусинфо. Пред опожарената пицерија Леоне, која е во преминот кај Палома Бјанка се наоѓаа пожарникари кои успеаја да ги совладаат пламените јазици. Засега не се познати причините за пожарот ниту висината на матерјалната штета.