360˚ видео – еве како го гледаат пријателите и соработниците од Стево Пендаровски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стево Пендаровски е петтиот по ред избран претседател на Македонија од нејзиното осамостојување и прв претседател кој ќе биде татко на нацијата по уставната промена на името на државата во Република Северна Македонија.

Роден е во скопско Пајко Маало, растен во Чаир и Бутел 2, а до стапувањето на функцијатa е жител на Автокоманда. Оженет е за професорката на Стоматолошкиот факултет Елизабета Георгиевска и татко на седумнаесетгодишниот Огнен – и двајцата познати во јавноста од придружувањата во кампањата.

Стево Пендаровски завршил основно образование во „Кирил и Методиј“, а гимназијалските денови ги поминал во „Цветан Димов“. Дипломирал на Правниот факултет, а докторирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. По завршување на студииите две години работи во адвокатската канцеларијa на Рафаел Черепналковски.

Потоа се вработува во МВР и стануав дел од  Секторот за аналитика каде меѓу другото се прават и безбедносните проценки. Во времето на министерувањето на Павле Трајанов добива унапредување во помошник – министер и Началник на секторот за аналитика, а ја извршува и функцијата портпарол.

Во 2001 Пендаровски станува советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски. Шеф на Кабинет на Трајковски и соработник на Пендаровски од тоа време е екс министерот за одбрана Зоран Јолевски.

По несреќата во Мостар, Пендаровски станува шеф на Државната изборна комисија. Под негова палка се организирани вонредните парламентарни избори и референдумот за територијалната организација во 2004-тата.

По искуството во ДИК, се враќа во претседателскиот кабинет, овој пат како советник за безбедност, а подоцна и за надворешна политика на Бранко Црвенковски.

Во 2014-тата стигнува до претседателски кандидат на СДСМ, а против кандидат му е Ѓорѓе Иванов. Тогаш загуби на изборите, за во вториот обид, повторно како кандидат сега на СДСМ од владејачка позиција, да биде избран за шеф на државата.