Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Северна Кореја ги поздрави САД и нивниот Ден на независноста со неколку истрелани балистички проектили пред својот источен брег.

Соопштението за лансирањето на ракетите со краток домет го објави Генералштабот на јужнокорејските вооружени сили, а го пренесоа агенциите.

Според јужнокорејското Министерство за одбрана, петте ракети биле истрелани во период од осум часа. Јужнокорејските воени власти сметаат дека ракетите се од типот „Скад“ и се со мал дострел од околу 500 километри.

Според информациите на јапонското Министерство за одбрана ракетите паднале во Јапонското Море, на неколку стотици километри источно од севернокорејската база до градот Восон, од каде што биле истрелани.

Јапонските медиуми, пак, објавија дека Северна Кореја лансирала најмалку една „Родонг“ ракета со мал дострел од 1.000 до 1.400 километри и може да го погоди било кој дел на Јужна Кореја и поголема територија на Јапонија.

Јужнокорејското Министерство за надворешни работи ги нарече овие пробни лансирања „провокативен акт“, кој прекршува повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Во последните неколку месеци тензијата на Корејскиот полуостров многу се зголеми. Во април Северна Кореја истрела ракета со голем дострел, која прелета над Јапонскиот архипелаг, а во мај изврши втора нуклеарна проба.

Советот за безбедност на ОН ги осуди ваквите дејствија на Пјонгјанг и воведе нови санкции против оваа земја. Како одговор на санкциите Северна Кореја се закани дека ќе го зголеми и усоврши својот нуклеарен арсенал.

4.07.2009

Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови содржини
00:17 Barcelona 4 - 0 Stuttgart Видео фудбал
00:16 Bordeaux 2 - 1 Olympiakos Piraeus Видео фудбал
13:38 Мафијаш фатен со помош на Фејсбук Во земјата на чудата
00:12 Sevilla 1 - 2 CSKA Moscow Видео фудбал
Спорт
Демикелис: Балак не ми се ни јави
Демикелис: Балак не ми се ни јави
slikaДефанзивецот на Баерн Минхен изјави дека е навистина разочаран од тоа што неговиот поранешен согирач го повредил и не се извинил за тоа.
Полудениот Тери прегази навивач
Полудениот Тери прегази навивач
slikaКапитенот на Челзи не беше баш најрасположен по елиминацијата од ЛШ од Интер. Излегувајќи од Стемфорд Бриџ ги изгуби нервите и прегази навивач кој се обиде да го фотографира.
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
slikaЖозе Мурињо пред мечот рече дека никогаш не губи на Стемфорд Бриџ, а тоа и го докажа на реваншот во кој Самуел Ето го ликвидираше Челзи од ЛШ. Во другиот меч, ЦСКА сензационално славеше во Севиља.
Македонија ја победи Грција!
Македонија ја победи Грција!
slikaМакедонската ватерполо репрезентација го совлада големиот ривал, селекцијата на нашиот јужен сосед со 7:6 и ја забележа првата победа во Светската лига.
Без договор во Москва
Без договор во Москва
slikaФудбалската федерација на Македонија на својот веб сајт објави дека учесниците на договорниот состанок од Б-квалификациската група не успеале да постигнат договор за натпреварувачкиот календар.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Одлутан коњ спасен со хеликоптер Невидена несреќа на автопат Еве како да импресионирате девојка Научете лесен и интересен трик
(©) 2006-2010 Taratur.com