Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Една од многуте разлики помеѓу мажите и жените е и желбата за утрински секс. За разлика од жените, кои повеќе преферираат навечер, мажите обожаваат утрински секс.

Таквиот порив кај мажите најверојатно е поврзан со феноменот на ноќна ерекција, па поради тоа се будат со ерекција и желба за секс. Проблемот настанува кога жените одбиваат секс наутро, но сексуалните терапевти нагласуваат дека се е до пристапот. Со други зборови, ако мажот го одбере вистинскиот пристап кон жената, голема е веројатноста дека ќе ужива во утрински секс со неа.


Подготовките започнуваат ноќе

За да уживате во утринскиот секс со својата партнерка, подгответе се уште ноќта претходно. Оставете си во близина гума за џвакање или бонбона за освежување на здивот бидејќи утринскиот здив нема баш да ја одушеви вашата партнерка. Пред да заминете на спиење извршете ги сите физиолошки потреби за да не мора сабајлето да одите пак во веце. Исто така не заборавајте пред да си легнете во близина на креветот да оставите презерватив кој ќе ви биде на дофат


Наместете си внатрешен аларм

Ако сакате утрински секс, многу е важно да се разбудите порано со цел да не бидете нервозни брзајќи за на работа. Наместете го вашиот внатрешен аларм за да имате доволно време за утринско галење. Најубаво е да се разбудите пред партнерката за да можете да ја разбудите со нежни допири. Не заборавајте дека иако вие сте спремни за акција, неа и треба повеќе време да се возбуди. Бидете трпеливи и пружете си прекрасно утро, но и одличен ден.


Разбудете ја нежно

Вашата партнерка сигурно нема да биде најсреќна ако првото што ќе го види е вашиот пенис пред нејзиното лице Започнете паметно и полека. Галете ја нежно, бакнежите нека бидат благи, а со прстите играјте си со нејзината коса. Овој сензуален пристап сигурно ќе ја разбуди во добро расположение и желба за физички контакт.


Кажете и дека е секси

Вашата партнерка најверојатно нема да се чувствува многу привлечно кога ќе се разбуди, па поради тоа не заборавајте да и кажете дека е убава. Дури и ако во тој момент мислите дека е целата потечена од спиење, задолжително речете и дека изгледа поубаво од било кога и дека многу ја сакате. Ако ви смета нејзиниот утрински здив, приближете и се од зад грб, а тоа ќе и даде дополнителна доза сензуалност.


Утрински секс за добар ден

Утринскиот секс е одличен за почетокот на денот бидејќи ви носи убаво расположение. Цел ден ќе се шетате со насмевка на лицето, а на работа помалку ќе го чувствувате стресот. За ова вреди да се потрудите, нели?

1.07.2009

Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 12°C
Времето во моментов
Најнови содржини
00:17 Barcelona 4 - 0 Stuttgart Видео фудбал
00:16 Bordeaux 2 - 1 Olympiakos Piraeus Видео фудбал
13:38 Мафијаш фатен со помош на Фејсбук Во земјата на чудата
00:12 Sevilla 1 - 2 CSKA Moscow Видео фудбал
00:09 Chelsea 0 - 1 Inter Milan Видео фудбал
Спорт
Демикелис: Балак не ми се ни јави
Демикелис: Балак не ми се ни јави
slikaДефанзивецот на Баерн Минхен изјави дека е навистина разочаран од тоа што неговиот поранешен согирач го повредил и не се извинил за тоа.
Полудениот Тери прегази навивач
Полудениот Тери прегази навивач
slikaКапитенот на Челзи не беше баш најрасположен по елиминацијата од ЛШ од Интер. Излегувајќи од Стемфорд Бриџ ги изгуби нервите и прегази навивач кој се обиде да го фотографира.
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
Мурињо го елиминираше Челзи, голманот Палоп – Севиља!
slikaЖозе Мурињо пред мечот рече дека никогаш не губи на Стемфорд Бриџ, а тоа и го докажа на реваншот во кој Самуел Ето го ликвидираше Челзи од ЛШ. Во другиот меч, ЦСКА сензационално славеше во Севиља.
Македонија ја победи Грција!
Македонија ја победи Грција!
slikaМакедонската ватерполо репрезентација го совлада големиот ривал, селекцијата на нашиот јужен сосед со 7:6 и ја забележа првата победа во Светската лига.
Без договор во Москва
Без договор во Москва
slikaФудбалската федерација на Македонија на својот веб сајт објави дека учесниците на договорниот состанок од Б-квалификациската група не успеале да постигнат договор за натпреварувачкиот календар.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Одлутан коњ спасен со хеликоптер Невидена несреќа на автопат Еве како да импресионирате девојка Научете лесен и интересен трик
(©) 2006-2010 Taratur.com