Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Хироши Ишигуро, виш истражувач во јапонската ATR лабораторија за интелигентна роботика и комуникација, создаде робот реплика на него. ’Близнакот’ Геминоид ХИ-1 изгледа и се движи исто како него.

Создаден за да го замени како професор на Универзитетот во Осака, роботот близнак наречен Geminoid HI-1 дури го поседува и уникатниот карактер на неговиот сопственик.

Седи и нетрпеливо тапка со нозете, а може и да седи на стол гледајќи наоколу по собата. Рамената му се подигаат како навистина да дише. Изработен е од силиконски калап направен според телото на Ишигуро, а го движи воздух во херметички систем со мали активатори. Микродвижењата ги изведува со полуавтономни програми за движење.

Далечинското управување достигнува нови граници, па Ишигуро сега може да зборува преку роботот праќајќи го гласот со помош на сензори на своите усни од дома, на еден час возење со автомобил оддалеченост од универзитетот.

Ишигуро се труди преку роботот да го наметне чувството на присутност, во Јапонија познато како sonzai-kan. Токму оваа нематеријална карактеристика го чини Geminoid HI-1 по малку морничав.

„Идејата е теле-интеракција. Ако до андроидот пристапувам преку интернет, не морам повеќе да одам до ATR лабораториите. Сакам да проверам колку моите студенти или моето семејство може да го почувствуваат моето присуство преку Геминоидот. Кога би можел да имам по еден робот на универзитетот и еден во ATR, би можел да ги извршувам сите задолженија од некое летувалиште“, се шегува Ишигуро.

Тој, овој пристап со комбинирање на инженеринг и когнитивна наука, со цел изведување експерименти за човечката перцепција, го нарекува ’андроидна наука’. На Геминоидот гледа како на транспортно средство кое може да користи во проучување на човечката природа.




29.06.2009

Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Помош за Искра
Помош за Искра
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 9°C
Времето во моментов
Најнови содржини
10:46 Порачајте свеж воздух во тегла Во земјата на чудата
16:56 Уапсен заради романтика Во земјата на чудата
14:30 5.000 луѓе на најдолгиот ручек на светот Во земјата на чудата
14:09 Боинг 727 „слета“ и стана хотел Во земјата на чудата
13:37 Видео: Ставете си гради на чело Во земјата на чудата
Спорт
Шпански 15-годишен фудбалер почина по колапсот на тревникот
Шпански 15-годишен фудбалер почина по колапсот на тревникот
slikaПочина 15-годишен Шпанец, инаку фудбалер на нисколигашот Пејмог од областа на Хуелва.
Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А
Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А
slikaГерманската Бундеслига пополека но сигурно излегува пред италијанската Серија А, според коефициентите на УЕФА, па можно е од следната сезона од Германија да играат 4 екипи во Лигата на Шампионите.
Започнува новата сезона во Формула 1
Започнува новата сезона во Формула 1
slikaПо пауза од неколку месеци повторно ни се враќаат возбудувањата од еден од најгледаните спортови, Формула 1.
Кркиќ во Валенсија, Виља во Барса?
Кркиќ во Валенсија, Виља во Барса?
slikaСпоред шпанските медиуми можна е замена помеѓу Валенсија и Барселона на нивните напаѓачи.
Видео: Еден се спрема, друг шутира пенал
Видео: Еден се спрема, друг шутира пенал
slikaНавистина интересен момент од јапонскиот фудбал, во кој еден играч ја поставува топката на белата точка, а друг го шутира пеналот.
Резултати сега!
Фото
Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи Страв и трепет на ролеркостер
Видео
Кој ги вработи овие генијалци? Тотално луд: Легна под тркачки автомобил Се соблече во талент шоу (16+) Скроз откачена полициска потера
(©) 2006-2010 Taratur.com