Испрати на пријател

Содржина од Taratur.com%message %body

Октомври, 1968 година: Советскиот сојуз спушти астронаути на Месечината. Трупите на Варшавскиот пакт се стационираат долж границата со Австрија. Се заканува нуклеарна пресметка помеѓу Истокот и Западот.

Се разбира, ова никогаш не се случи, освен во вежбите на британските државни службеници, кои истражуваат кaко ќе владеат со Британија во деновите пред, за време на текот и по Третата светска војна.

Деталите се напишани во ’Воената книга’, таен прирачник од времето на студената војна, кој од месецов веќе не е со назнака ’државна тајна’.

Книгата која зборува за крај на светот, претставува водич за соочување со кризата од почетокот на конфликтот до ’часот Р’ - одлука за истрелување на британското атомско оружје.

’Тоа е прирачник како да се војува’, изјави за АП, Вилијам Спенсер, специјалист за воена историја од Британскиот национален архив.

Велика Британија стана нуклеарна сила во 1952 година, а британските политичари немале илузии за уништувачкиот ефект на нуклеарната војна. Извештај од 1952 година, проценува дека советски напад со атомско оружје на Британија моментално би убил 12 милиони луѓе.

Поради тоа секоја втора година, во периодот на Студената војна, британските државни службеници учествувале во вежби за крај на светот - од потрага по субверзивни елементи до спасување на уметничкото богатсво од Лондон.

Вежбите, кои траеле со недели, вклучувале секојдневно анализирање на извештаите на шпиунските служби. Високи официјални лица, играле улоги на премиери и членови на владата, и одлучувале што да се презема.

Вежба од 1968 година, се наведува во прирачникот, замислува советско слетување на Месечината, и голема напнатост долж границата на железната завеса. Од ден на ден напнатоста се зголемува - советските војски ја напаѓаат Австрија, Западна Германија, Финска, Турција, Грција и Италија, а на крајот Данска.


Британците стануваат се понервозни - остануваат дома, наместо да одат на работа, купуваат залихи храна и градат засолништа.

Со мирен бирократски јазик, полн со тајни зборови кои книгата ја прават бесмислена за оние за кои не е наменета - документот опишува како со зголемување на кризата државните службеници треба да воведат цензура, да евакуираат се’, освен најтешките болни од болниците, и на крајот да се засолнат во еден од 12 подземни бункери, лоцирани на повеќе различни места ширум Британија.

Владеењето со земјата, по нуклеарниот напад, ќе биде токму од тие бункери. Формата на владеење, пак, ќе биде вонредна состојба.


Историчарот Питер Хенеси вели дека книгата дава увид во „една од најмрачните страни на британската тајна држава во Студената војна“. Изненадувањето лежи во ширината и силата на 16 поглавја, во тек на кои нацијата минува од мирен живот во состојба на тотална војна.

Првата ’Воена книга’ на британската влада, била составена во 1911 година и оттогаш редовно се дополнува, како војувањето се менувало и како се менувала опасноста за Велика Британија.

Содржината е строго тајна - верзијата на книгата од 1964 година била печатена само во 96 примероци.

Не се знае колку примероци се печатени oд верзијата во 1970 година, која сега е прв пат достапна за јавноста. Подоцнежните верзии сепак остануваат тајна.

Британската влада повеќе не планира војување со Советскиот сојуз, кој се распадна во 1991 година, но и понатаму води ’Воени книги’ и сега вежба за случај на катастрофа, како голем терористички напад.

25.06.2009

Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com