Испрати на пријател

Содржина од Taratur.com%message %body

Реал дефинитивно преку својот ново-стар претседател го стави печатот на овој преоден рок, а со тоа повторно ги отвори старите рани на интервенционистите кои сакаат да воспостават ред (читај да го уништат) и во фудбалот.

По Арапите од Манчестер Сити во јануарскиот преоден рок, овој трансфер период го одбележува друг лик!

Флорентино Перез, најмаркантната фигура на Реал Мадрид во 21 век, по неговиот реизбор повторно ја бранува спортската, а со тоа и економската јавност со новите сензационални трансфери.


Претседателот кој ги направи најскапите трансфери во историјата на фудбалот, Зинедин Зидан и Луис Фиго, од кој вториот го доведе од најлутиот спортски и политички ривал Барселона, повторно ги надминува сопствените рекорди, овој пат со миленичето на Милан, скромниот Кака и најдобриот фудбалер за 2008, Кристијано Роналдо од Манчестер.


Едниот за 65 милиони евра, вториот за 94 милиони, директно од европскиот вицешампион. Две фудбалски икони, кои во поновата историја на фудбалот во секое време можат да се најдат во Топ 5 фудбалери!

И по овие спектакуларни трансфери, како гладни волци изрипаа фудбалските интервенционисти, на чело со Французинот Мишел Платини кои научени на социјалистички принципи ќе се запрашаат себеси, а богами и другите, дали овие трансфери се оправдани.


За Платини како Французин, а тоа значи дека ги има сите предуслови да биде интервенционист, и нема многу да елаборирам.

Имено, Франција иако е држава која ги има сите предуслови да биде европски лидер во сите економско-политички прашања, бидејќи е земја која нејзината левица веќе долго време ја влече назад со децении, е заложник на овие ’т.н. праведнички’ прашања. Замислете, нејзиниот ’десничарски’ претседател Саркози, е всушност класичен интервенционист, каков што се обидува да биде и Платини во фудбалскиот свет. Од тој аспект и може да се разберат ставовите на првиот човек на УЕФА.

Едно треба да биде јасно и за економски и за фудбалски засегнатата јавност – парите го носат квалитетот. Кога има пари, има квалитет, кога ги нема, квалитетот се сведува на македонско првенство.

Многумина во оваа прилика, кога дискутираме на оваа тема, ми ја спомнуваат НБА како пример кој успешно функционира со регулативи, селари кап, посебни ограничувања за плати и тн.


И покрај тоа што системот на НБА технички не е возможно да се спроведе во фудбалот заради тоа што во фудбалот имаме повеќе национални првенства, со различни лиги (прва, втора и тн.), на сите овие треба да им биде јасно, дека фудбалот никогаш не се нашол во ситуација да треба да воскреснува еден Матеус да речеме, или еден Ромарио, Стоичков, Батистута и тн. кои ги одбележаа 90-те години и беа најдобри фудбалери, како тоа што имаше потреба НБА да го прави кога буквално од кревет го извади Мајкл Џордан и го врати на теренот во Вашингтон Визардс за да се зголеми гледаноста на овој спорт. Регулативите си го прават своето!


Подрастичен пример е Формула 1, и како тоа тамошните регулативи направија од најскапиот и најпрестижниот спорт, спорт од типот на кечери, кој го гледаат фаци кои само од историски аспект биле вљубеници на овој спорт или евентуално сакаат само да бидат импресионирани од кечерско-циркуски финти. Вистинските вљубеници на спортот веќе не следат Ф1. Зошто? Заради регулативите!

Фудбалот никогаш нема да страда од вакви идиотштини се додека не се воспостават ограничувања – за плати, трансфери, бонуси и тн. Кога ќе се воспостават, ако се случи тоа, за 3-4 години, истото му се пишува на овој спорт, па можеби тогаш некој друг спорт кој сега има насушна потреба да обезбеди пари за транспорт на спортистите на местото на одигрување на мечот, за обични тренинзи и сл. ќе стане најактуелен спорт.


Во насловот ја спомнав и Барселона и не за џабе. Имено, Барселона на најдобар можен начин покажа дека не е се` во парите! Од 11 фудбалери кои играа во финалето од ЛШ против Манчестер, замислете, дури 7 души беа дел од младинската школа на Барселона, популарната Кантера. Валдес, Пике, Пујол, Иниеста, Бускетс, Чави и Меси! Плус тоа и тренерот Гвардиола е дел од клубот, кој не е платен со милионски суми да го води тимот!

И токму овој податок треба најмногу да влијае врз свеста на оние што го имаат капиталот во фудбалските клубови. Дека многу е поисплатливо и поефективно да создадете ѕвезди од типот на Иниеста и Чави, отколку да ги купите Кака и Роналдо за 150 милиони евра.


А, најдобар одговор и потврда на ова ќе даде сопственикот на Њукасл Мајкл Ешли, и поранешните сопственици на Парма и Лидс – како најдобри примери дека не е се во парите. Впрочем, Њукасл сезонава го имаше еден од најскапите состави, со Овен (плата во Топ 10 во светот), Мартинс, Видука, Смит, Бат, Гутиерез, Колочини и многу други, но овој тим мораше да ја напушти Премиерлигата и може да се каже дека целосно економски го запусти неговиот сопственик. Заради погрешното економско работење и погрешната политика.

Токму ова им се заканува на сите клубови кои нема добро да го остварат исходот кој го вложиле на почетокот, па ќе ја повторат приказната на Лидс, Парма, Сарагоса и тн.

Всушност, пазарот е најдобриот регулатор. Тоа се покажало секогаш и пак ќе се покаже. Платини, со неговите луди идеи може само да му наштети на фудбалот. Подобро би било да остави да видиме и ние и тој, дали скапите проекти на Перез (Роналдо и Кака) се поисплатливи од евтините проекти на Барселона која во својата деби сезона на Гвардиола на клупата ги освои сите можни трофеи!

А, тоа со задоволство ќе го видиме! Не само наредната сезона, која може навистина да даде резултат на тимот од Мадрид, туку во наредните 3-4 години. Бидејќи Перез навистина му донесе трофеи на кралскиот клуб, но факт е дека потоа кулата од карти се распадна при првото ветре. А, тоа сакало или не, мора да си дувне!



Авторот е автор на Taratur.com :)


12.06.2009

Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 16°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com