Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Издавачката куќа Харпер Колинс која ги има авторските права за цел свет над делата на Агата Кристи, ќе објави на почетокот на септември две непознати приказни од кралицата на крими романите со кои Херкул Поаро, најславниот детектив, повторно ќе оживее.

Сториите ги откри писателот Џон Кјуран додека ги проучувал 73 бележници кои ги напишала Агата Кристи од 1920 до 1976, пронајдени во нејзината куќа во Гринвеј, Девон.

Насловени „Мистеријата на кучешкото топче“ и „Заробувањето на Керберот“, овие приказни ќе се најдат во неговата книга „Тајните бележници на Агата Кристи: Педесет години мистерии во создавање“, која Харпер Колинс ќе ги издаде на почетокот на септември.


„Бележниците овозможуваат да се разбере работата на еден голем автор, како што беше Агата Кристи. Тие покажуваат дека писателката повторно ги користела своите идеи, понекогаш навраќајќи се десет години подоцна“, изјави по овој повод Дејвид Браун, еден од директорите на Харпер Колинс.

Кралицата на крими романите имала обичај да пишува кратки приказни на кои подоцна им се навраќала и ги развивала во долги романи.

Од „Мистеријата на кучешкото топче“ настанал романот „Молчаливиот сведок“ во кој богата наследничка настрадува на скалите сопнувајќи се на топчето од својот фокс териер, додека „Заробувањето на Керберот“ го напишала за да ги потполни „Херкуловите задачи“, збирка од дванаесетте последни авантури на Херкул Поаро.

11.06.2009

Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Помош за Искра
Помош за Искра
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 9°C
Времето во моментов
Најнови содржини
16:56 Уапсен заради романтика Во земјата на чудата
14:30 5.000 луѓе на најдолгиот ручек на светот Во земјата на чудата
14:09 Боинг 727 „слета“ и стана хотел Во земјата на чудата
13:37 Видео: Ставете си гради на чело Во земјата на чудата
00:54 Valencia 1 - 1 Werder Bremen Видео фудбал
Спорт
Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А
Бундеслигата пополека ја престигнува Серија А
slikaГерманската Бундеслига пополека но сигурно излегува пред италијанската Серија А, според коефициентите на УЕФА, па можно е од следната сезона од Германија да играат 4 екипи во Лигата на Шампионите.
Започнува новата сезона во Формула 1
Започнува новата сезона во Формула 1
slikaПо пауза од неколку месеци повторно ни се враќаат возбудувањата од еден од најгледаните спортови, Формула 1.
Кркиќ во Валенсија, Виља во Барса?
Кркиќ во Валенсија, Виља во Барса?
slikaСпоред шпанските медиуми можна е замена помеѓу Валенсија и Барселона на нивните напаѓачи.
Видео: Еден се спрема, друг шутира пенал
Видео: Еден се спрема, друг шутира пенал
slikaНавистина интересен момент од јапонскиот фудбал, во кој еден играч ја поставува топката на белата точка, а друг го шутира пеналот.
Видео: Слеп, а растура се пред себе!
Видео: Слеп, а растура се пред себе!
slikaТајландскиот боксер Суџет Сали уште од мал сакал како својот татко да се тепа во ринг, а во тоа не го спречи ни фактот дека има огромен хендикеп. Иако е слеп, амбициозно тренира со колегите кои немаат таков инвалидитет и досега одлично му оди.
Резултати сега!
Фото
Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи Страв и трепет на ролеркостер
Видео
Кој ги вработи овие генијалци? Тотално луд: Легна под тркачки автомобил Се соблече во талент шоу (16+) Скроз откачена полициска потера
(©) 2006-2010 Taratur.com