Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Интересна работа како една вест може да биде протолкувана. Сигурно ја знаете прочуената шега за трката на Русинот и Американецот. Руското радио известило дека нивниот натпреварувач бил втор, а американскиот претпоследен. Американското радио пак, објавило дека нивниот натпреварувач завршил прв, а Русинот бил последен! Всушност, се тркале само тие двајца...

Деновиве прилично интересни беа две теми. Едната побитна за спортската јавност, за наводниот премин на Кака во Реал, а другата за политичката јавност, за наводното ретерирање на нашата влада во однос на прашањето за името и очекуваниот компромис кој всушност ќе значи согласување со грчките позиции.

Имено, во Мадрид се одвиваат претседателски избори, па најсериозниот тамошен кандидат, Флорентино Перез кој веќе имаше ’бучна’ епизода во кралскиот клуб, повторно се себепромовира, а за таа цел не бира воопшто средства!

Спомнува сензационални трансфери, најславни фудбалски имиња, најбогати фудбалери и тн. се` за да дојде на власт!

Во негова помош притрча долгогодишниот негов пријател и соработник, Адријано Галијани, кој бидејќи има интерес Перез да седне на чело на Реал, неколку пати заедно со него ја загреа атмосферата околу наводниот премин на Кака во Мадрид.


Бразилецот повеќе од една година е принуден да демантира разни новинарски шпекулации, па така ја демантира и оваа. Но, интересно како дел од спортските експерти ги земаат работите здраво за готово.

Овој изјави вака и значи е така!


Слично се случи и со мини турнејата на нашиот државен врв во Брисел и Париз. По ова нашите медиуми (сега не се зборува нешто дека се купени од Груевски?) почнаа со своите анализи, дека се` е готово, дека владиниот врв ретерирал во однос на прашањето за името, попуштил и дека Северот кај да е ќе ни дојде, односно било само прашање на време.

Покрај тоа, со нескриени симпатии, типично навивачки се радуваат дека нашите наводно се откажале од двојната формула, како таа да е погубна за нас!

Наместо да се претпостави, што е пологично, дека македонската влада се обидува пред меѓународниот фактор да покаже конструктивност (затскриен зад фразата ’разумен компромис’) и да се избори за визна либерализација (што е еден од битните фактори зошто сакаме ЕУ интеграција), некои од нашите медиуми со преполни усти и некрофилско раскезени трубат дека конечно сме попуштиле!

За многумина не е спорно дека дел од македонските новинари се инструирани од странски служби да го разјадуваат цврстиот став кај македонскиот народ во однос на прашањето за името. Се шпекулираат џипови, тајни сметки, станови и сл. Но, она што не е јасно, е логиката која им е очајна страна на овие наши медиумски куќи.

А, логиката вели дека моментално најзаслужен за високиот рејтинг на владејачката партија и главната причина за огромните победи во претходните избори (и парламентарни и претседателски и локални) е токму ставот околу прашањето за името, и довербата што ја има македонскиот народ, дека токму тој ќе биде прашан на референдум околу евентуалниот иден предлог.

Ова нашите медиуми кои негуваат став близок до грчкиот, како да го забораваат, па се надеваат дека една ноќ Груевски зад грб, како една мината влада што смени знаме, ќе потпише дека името ни е сменето.

Тука неколку прашања и тоа како заслужуваат одговор:

Прво, дали Груевски ќе може да продолжи со било каква политичка кариера?
Искрено, мислам дека доколку се реши на ваков чекор, ќе заврши како неговиот претходник на кој му преостана да пишува малоумни пробугарски колумни и да живее од неговата контроверзност, небаре е Парис Хилтон.

По таквата одлука, кога ќе се увиди дека од економската преродба нема ништо, ВМРО ДПМНЕ ќе доживее апсолутен колапс како во 2002. Не верувам дека врвот на партијата (значи не само претседателот) е спремен за такво нешто.


Второ, дали македонскиот народ ќе молчи, како што молчеше неколку пати досега кога беа газени неговите национални интереси?

Многу е веројатно во таков момент ситуацијата да се радикализира, и најдобро да ја искористи некоја нова радикална струја која ќе се профилира како партија за да ги брани националните интереси. Тука не се исклучува можноста, оваа ситуација да биде злоупотребена од разни лажни патриоти, но сепак нормално е да се очекуваат протести, немири, радикални потези од граѓани и сл.

Трето, доколку се решиме за промена на име, и ги исклучиме сите овие претходни нафрлања, прашањето е: кој ни гарантира дека пак ќе бидеме примени во ЕУ?

За Грција обврските не важат, а тоа го докажа со Привремената спогодба, која ја погази. Кој ни гарантира нас, дека нема да го погази и новиот евентуален договор и пак да ја блокира Македонија?

Зошто и како да бидеме сигурни дека ЕУ ќе изврши притисок врз Грција за наша евентуална интеграција, кога правно-формално и ЕУ и НАТО тоа требаше и мораше да го направат заради Привремената спогодба во Букурешт!

Да повторам, кој ќе ни гарантира дека Грција нема повторно да го погази новиот договор, штом знаеме дека веќе погази еден претходно?

Четврто, кој ни гарантира дека и Бугарија нема да влета во оваа наша тажна приказна и поучена од грчкото искуство нема да бара отстапки во нејзина полза?

Многу е веројатно да се очекува дека Бугарија може да ја уценува нашата земја и да бара пакет сличен на грчкиот кој ќе вклучува откажување на нашето средновековно и поново минато, заклучно со Илинденците, а можеби и до Втората светска војна.

Тоа го најавија неколку бугарски европарламентарци, познатиот македономразец Божидар Димитров и дел од нивните ’интелектуални’ кадри.

Според бугарската историографија ние сме измислици на Тито, како што според грчката Александар е Грк!

Така, ако ние се согласиме на грчкиот пакет (кој сигурно ќе биде пакет, а не само решение за име), тогаш е прилично веројатно да ни следува и бугарски пакет....

Можеби ќе им звучи патетично на некои наши квазиеврофили, но што со културниот геноцид што го прави Грција и асимилацијата на Бугарија во однос на нашето малцинство? Кога еднаш ќе станеме СЕВЕРНИ, толку од иднината на Македонците во другите држави. Потпишуваме капитулација и за нас, а богами и за нив!

И за крај, драги Македонци, во вас е силата. Доколку вие не ги следите медиумите и новинарите кои пропагираат потези што не им одговараат на нашите национални интереси, самите тие ќе мора да ретерираат. Кака, ако не беа навивачите, лесно ќе завршеше во Манчестер Сити!

Во вас е силата! Не го заборавајте тоа! Еден пишан медиум кој беше перјаница на грчките ставови, со својот ’прогонет’ уредник (кој сега си отвори нов, небаре си отвора селска продавничка) и покрај тоа што е бесплатен, не може да достигне читаност ни колку што Таратур има посетители во неколку часа. Зошто? Нека се прашаат тие!



18.05.2009

Најнова Фотка
Автомобилска еволуција
Анкета
topki+
Да му помогнеме на малиот Јане
Да му помогнеме на малиот Јане
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 1°C
Времето во моментов
Најнови содржини
00:12 Sevilla 1 - 2 CSKA Moscow Видео фудбал
00:09 Chelsea 0 - 1 Inter Milan Видео фудбал
14:44 Фејсбук го надмина и Гугл Технологија
12:49 Почина најнискиот човек на светот Во земјата на чудата
Спорт
Македонија ја победи Грција!
Македонија ја победи Грција!
slikaМакедонската ватерполо репрезентација го совлада големиот ривал, селекцијата на нашиот јужен сосед со 7:6 и ја забележа првата победа во Светската лига.
Без договор во Москва
Без договор во Москва
slikaФудбалската федерација на Македонија на својот веб сајт објави дека учесниците на договорниот состанок од Б-квалификациската група не успеале да постигнат договор за натпреварувачкиот календар.
Бенитез: Мора да завршиме четврти за да го задржиме Торес
Бенитез: Мора да завршиме четврти за да го задржиме Торес
slikaАко “црвените“ од Енфилд до крајот на сезоната не стигнат до 4-та позиција и пласман во ЛШ можно е да останат без својот најдобар напаѓач Фернандо Торес.
Бронѕети: Koj сака засилувања нека не штеди на Фабре, Рибери и Џеко
Бронѕети: Koj сака засилувања нека не штеди на Фабре, Рибери и Џеко
slikaЕден од најпознатите агенти во светот, Ернесто Бронѕети на италијанските и шпанските гиганти им препорача неколку имиња ако сакаат навистина да се засилат во следната сезона.
Бекам се повреди, го пропушта СП
Бекам се повреди, го пропушта СП
slikaРадоста на Милан од победата на Киево и доближувањето на само поен од Интер, ја скрати повредата на Дејвид Бекам која со сигурност ќе го оддалечи од СП.
Резултати сега!
Фото
Кој рече дека кај нас имало многу снег? Фото: Голотија и живи бои на тату шоу Знаменосец Реконструкција на детски цртежи
Видео
Научете лесен и интересен трик Видео: Најоткачениот музички спот Тато тоа го прави најдобро Каде се крие украденото богатство
(©) 2006-2010 Taratur.com