Испрати на пријател

Содржина од Taratur.com%message %body

На младите богаташи кокаинот повеќе не им е интересен, а се повеќе од нив го користат убиствениот кетамин, коњско средство за смирување кое го користеле и војниците за време на Виетнамската војна.

Кетаминот до неодамна воглавно го конзумираа екстремните журкачи, но во последно време стекна огромна популарност помеѓу младата и богата елита. Конзумацијата на кетамин во последната декада тројно се зголеми.

Помала количина на кетамин предизвикува еуфорична состојба и ја зголемува енергијата, додека кај поголемите дози настануваат сериозни проблеми. Конзументите го губат чувството за реалност и халуцинираат, а понекогаш паѓаат во т.н. состојба ’K – дупки’, што е полусвесна состојба во која потполно се отсечени од надворешниот свет, буквално парализирани и не можат да говорат.

Но, она што е шокантно е дека конзументите токму ја посакуваат оваа состојба, покажа истражувањето на Дејли Меил, чија новинарка истражуваше на оваа тема.

Кетаминот најчесто се вшмркува во облик на прав, а еден грам чини околу 20 фунти, дупло е поевтин од кокаинот на британскиот пазар.

Но, цената не е причината поради која што се повеќе припадници од повисоката класа се одлучуваат за кетаминот, туку тие тврдат дека дејството е многу подобро од кокаинот.

„Луѓето прават чудни работи какви што не можете ни да замислите во нормални околности. Многу често сите имаме иста халуцинација. Еднаш сите мислевме дека сме во море и почнавме да пливаме. Вечерите со кетот обично се незаборавни, а подобар е од другите дроги, бидејќи подоцна можеш да се наспиеш и нема некои пропратни појави“, изјави еден од конзументите на кетамин.

Кетаминот е развиен во 1962 година во Америка, а неговото халуциногено дејство, го тера пациентот да замислува дека му е одвоен умот од телото, па итна операција како ампутацијата би можела да се изведе и без анестезија. Токму поради тоа го користеле за време на војната во Виетнам.

Кетаминот инаку се користи за лекување на коњите, а на луѓето им се дава само во екстремни случаи, и тоа во итни случаи и во болниците кога морфиумот не делува. Кај луѓето ретко се користи бидејќи има многу опасни нус појави, а најчеста е психозата. Освен тоа, кај зависниците се јавува крв во урината и силни болки во стомакот, а зависноста доведува и до оштетување на мочниот меур и бубрезите.

Краткотрајно може драстично да го намали крвниот притисок, да ја поремети работата на срцето, да го зголеми притисокот на мозокот и да донесе проблеми со видот, предупредуваат докторите. Предозирањето пак доведува до мозочен или до срцев удар. Но најлошо е што поголемиот број на конзументи мислат дека тој не содава зависност. Секако, не се во право. Освен тоа, многу брзо се јавува толеранцијата кон оваа дрога, па конзументите мораат да земаат се поголеми дози за да ја доживеат посакуваната состојба.



24.12.2008

Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com