Труден маж, секс со Тојота, рибен педикир, продавање на животот на eBay, разведени сопружници кои ја пресекоа куќата на половина, готвач за мадиња.... од забегано позабегано, баш како и што сме навикнати. 2008 година не пукна од смеење. Да се потсетиме!
Томас Бити во шоуто на Опра му кажа на светот дека забременил. Во прв момент, работата звучеше скандалозно со оглед на тоа што малку е потешко да се замисли труден маж.
Меѓутоа, после се откри дека Томас во претходниот живот (читај: пред пластичната операција) бил жена, која поминала еден куп тестостеронски терапии и пластичните операции, но репродуктивниот систем и останал неоштетен. Првиот труден татко роди девојче на радост на својата жена Ненси.
Сега можат да се натпреваруваат кој прв ќе го роди следното дете. Многу нормално,
Томас одлучи да го материјализира своето татковство. Најави книга за своите труднички искуства.
И додека на една страна на светот татковците стануваат мајки, на друга, поточно во Велика Британија, жена одлучила да се разведе од мажот бидејќи ја изневерил со проститутка – и тоа во online играта Second Life.
Брачниот пар
Еми Тејлор и Дејвид Полард во 2005 година, покрај во реалниот, се венчаа во виртуелниот свет. Но, Дејвид во играта не бил баш верен, бидејќи се вплеткал со виртуелна проститутка. Се испостави дека проститутката ја игра разведена мајка на две деца од Арканзас, која на крајот навистина се вљуби во Дејвид.
Пресечен имот
Еден пар од Камбоџа покажа како изгледа кога бракот ќе појде во три пм. Не можеле веќе да се поднесуваат по 40 години „идила“, таа го обвинувала за мрзливост и забушавање, а тој неа за негрижа. Сопругот заради тоа одлучи половината од брачните ѕидови буквално да ги понесе со себе. Ги пренел работите на жената на едната страна на куќата и го пресекол својот дел, кој подоцна си ја однел на другиот крај на селото.
2008 година исто така беше исклучително напредна во поглед на нови козметички техники. На некои жени стапалата им ги грицкаат напалени љубовници, а на други риби. Го ставате стапалото во аквариум полн со специјални риби кои ја сакаат мртвата кожа од прстите и потоа сте како нови. Ова стана хит во Америка откако
Џон Хо , сопственик на салон за убавина од Вирџинија, навлече околу 5000 свои муштерии на четиримесечен рибен третман.
Рибјото грицкање наводно е подобро од нормалниот педикир, бидејќи со отстранување на мртвите клетки ја омекнува и кожата. По објавување на веста, сите козметичари го посакаа истото, што доведе до безобзирно нарачување на такви риби и неколку забрани. Државите Вашингтон и Тексас ја забранија оваа пракса со образложение дека не ги задоволува санитарните услови.
Дека на животните премногу се загрижени за убавината на луѓето покажуваат и третманите со змии во Израел. Центарот Талмер Елазар под водство на
Ада Барак во својата понуда стави и единствена масажа со змии. Шест змии само за 70 долари ќе ви лазат по телото. Змиите наводно толку ги опуштаат мускулите, а нивното ладно тело го намалува стресот.
Третманот вклучува шест флоридски и калифорниски кралски змии, кои, секако не се отровни. Истиот центар во понудата има масажа и со глувци и стаорци. На тоа што тие им прават на муштериите, не сакаме ни да размислуваме.
Набрзина прелетуваме преку темите што се` луѓето во минатата година беа спремни да ги изедат. Од сите најјак испадна српскиот готвач и заљубеник во тестиси
Љубомир Еровиќ . Може и своите, но повеќе би сакал туѓи. Шкотите го имаат виските, Швајцарците сирењето а Србите мадиња – гласи неговото мото од кое произлезе единствен светски кувар специјално направен за животински тестиси. Еровиќ секоја година одржува и Мадијада.
Значи, се јадат и мадиња, но што се` се продава, е тоа е веќе забегано. Од кај да почнеме? Австралиец кој го продаваше сопствениот живот на eBay? Секси блондинката, која со куќата се продаваше и себе?
Романецот кој се обиде да ја продаде жена си на интернет? Швеѓанката која го продаваше станот и очувот со него?
Германката која си ја продаваше невиноста на интернет!
Јан Ашер од Перт во Австралија одлучи да раскрсти со животот откако жена му му кажала дека го остава. Го стави својот идентитет на аукција, од работа, пријатели, куќа, автомобил до компјутерот и постигна цена од 380.000 долари.
Јан на купувачот му вети кратко воведување во неговото секојдневие, запознавање со пријателите, работата, а тој од заработените пари тргна на пат околу светот благо разочаран што егзистенцијата не му вредеше малку повеќе.
Слична приказна продаваше и секси блондинката од Palm Beach Gardens на Флорида која заедно со куќата се стави на продажба на eBay по цена од половина милион долар. „Ако сакате живот од соништата, ако сакате да доживеете вистинска љубов и среќа за која сметате дека постои само во бајките, тогаш јас сум жената за вас! Пријавете се и легнете ме!“, беше нејзината порака. Самохраната мајка и агент за недвижност очигледно сфатила дека може да има каква-таква шанса како дел од покуќнината.
По обичај, имаше јуриши и на Гинисовата книга на рекорди. Највпечатлив е дефинитивно илузионистот и изведувач
Дејвид Блејн , кој шеесет часа без престан висеше обесен наопаку над Централ Парк во Њујорк. По неколку часа толку се навикна на новата положба што без проблеми делеше автограми, се фотографираше со обожавателите и дури изведуваше трикови со карти.
Пијан секс со автомобилот
Без сомнение, 2008 година ќе остане позната и по колекцијата небулозни предмети кои – воглавно мажите – сакаа да ги ’онадат’. Имаше и правосмукалки од автопералниците до метални клупи во парковите, а еден пијаница дури реши сексуално да се испроба со една Тојота.
17.12.2008