Во пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Во средата Бразил без поголеми проблеми ги совлада Португалците, а
Кристијано Роналдо не постигна ниту еден гол. Најверојатно тоа беше најголемата причина за неговата фрустрација.
Во еден наврат Роналдо го зграби
Марсело за вратот, додека
Тиаго Силва тврди дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед се обидел да му ја скрши ногата.
„Тој имаше образ да ми рече - па добро, секако ми ја прескокна ногата. Срамно. Доколку не скокнев ногата ќе ми беше скршена или пак ќе имав некоја друга повреда“, изјави 24-годишниот играч на Флуминезе за Daily Mail.
„Го сметаат за најдобар во светот, но тој нема ни малку почит. Не заслужува никакво признание“.
„Треба да играш фудбал поради убавината на играта и личната желба, а не поради наградите и парите. Тој не можеше да стори ништо на натпреварот, па започна со агресивните стартови. Тоа не е фудбал“, заклучи Тиаго Силва.
Видео од натпреварот!20.11.2008