Успешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Напаѓачот на торинскиот клуб е свесен дека големото италијанско дерби е можеби клучниот натпревар за неговиот тим.
„Јувентус и Интер се великани во светскиот фудбал. Ние сме во победничка серија, но и нив им оди добро. Победничката низа, а посебно победата на Сантиаго Бернабе ни даде крила“, изјави
Амаури кој покрај бразилското, неодамна доби и италијанско државјанство.
„Моментално играме подобро од Интер. Го гледав нивниот натпревар против Палермо каде одиграа само просечно. Вистина е дека во вториот дел беа подобри, но не покажаа ништо спектакуларно“.
На прашањето што би сакал да освои Скудетото или Лигата на шампионите, Амаури очекувано одговори: „Зошто не и едното и другото. Тоа би било најдобро“.
20.11.2008