Момчето кое в болница пошло тотално надвор од себе, немо и несвесно за се што се случува околу него, не заболило од некоја тешка болест, туку се навлекло на играчката конзола, која повеќе не може да ја смисли.
Италијанските доктори му дијагностицираа на 13-годишниот
Лоренцо Амато зависност од Плејстејшн откако очајниот татко во паника го довел во болницата.
На почетокот докторите од италијанскиот град Лече мислеле дека малиот Лоренцо доживеал мозочен удар или дека се работи за сериозно пореметување на работата на мозокот.
Детето не можело да зборува и не сфаќало ништо што се случува околу него, а тогаш докторите откриле дека всушност ја завршило својата маратонска сеанса на новиот Плејстејшн.
„На крајот успеаја да ја поправат неговата состојба откако открија дека на чуден начин ментално е поврзан со својот Плејстејшн“, рече локалниот политичар
Антонио Бучољеро.
Тинејџерот подоцна му рекол на својот татко да ја фрли „проклетата направа“. „Кога само ќе помислам на него, ми се повраќа“, вели Лоренцо.
20.11.2008