Имате цицки? Тогаш не мора да се грижите за енергетската криза во иднина. Во следните неколку години градите би можеле да станат еден од алтернативните извори на енергија, благодарение на експертите.
Во следните пет години професорот
Жонг Лин Ванг од Технолошкиот институт во Џорџија планира да произведе материјал направен од нано-жици кој ќе генерира електрична енергија по пат на триење.
Овој материјал во иднина ќе може да генерира 80 миливати струја по метар квадратен, што е доволно за полнење на мобилниот телефон.
Ванг на новинарите им рече дека релативно евтиниот материјал кој ќе го произведе ќе биде идеален за изработка на градници, поради триењето и мрдањето што го предизвикуваат градите.
Сега, нас ни текнува на уште неколку парчиња облека кои можат многу подобро да се искористат, бидејќи има поголемо триење со телото, но во секој научник се крие по нешто перверзно, а и кои сме ние да им ги заебаваме соништата?
Повеќе:
www.nanoscience.gatech.edu
20.11.2008