Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Зимата ја поминувате завиткани пред телевизор или монитор и станувате само за да си притурите грицки или нешто за јадење. Шокот настанува дури кога ќе застанете на вага и ќе сфатите дека сте ја пречекориле „црвената линија“. Ви нудиме неколку одговори на фамозното прашање – Како да побегнете од фрижидерот кога е ладно?

Интересно е дека за спречување на зимското дебелеење многу помалку се пишува, отколку за пролетното и летното ’скинување’ на тоа што сме го насобрале од зимата.

Наместо да разглобуваме зошто и одговара таквото однесување на козметичката и фармацевтската индустрија, ние ќе направиме една мала анализа за зимското дебелеење и ќе ви дадеме неколку совети како да го избегнете.


Главните причини за зимското дебелеење се сосема едноставни и ’човечки’: во зима помалку се движиме, поинаку се храниме, а не е занемарлива ниту поголемата склоност кон депресија поради што како последица се јавува зголемена желба за храна за да се потисне тагата.

Имено, поради пократките денови и лошото време, помалку излегуваме во природа, но и многу помалку се дружиме (дружењето се сведува на седење по кафулињата). Во лето сите некако наоѓаме начин за активност, но кога ќе дојде зима, малку се тие што имаат волја, пари или можност редовно да пливаат в базен, да играат тенис или да одат во теретана или на аеробик.

Без многу филозофии, кога се знаат причините, треба нешто да се преземе за да се спречат последиците. Сето тоа е полесно да се каже отколку да се изведе, но немате многу избор: или ќе бидете здрави и витки, или ќе се препуштите на тагата и на грицките.


Зголемете ја телесната активност
Вежбањето на почетокот ќе ви биде малку напорно, но кога ќе го совладаме почетниот отпор, сите ќе се сетиме на прекрасното еуфорично чувство откако добро ќе се испотиме.


Не е важно со што и како ќе ја зголемите телесната активност, ваше е да одлучите дали ќе одите, ќе возите собен велосипед или ќе се занимавате со некоја понапорна физичка работа во домот.

Тоа што е важно е дека активноста треба да биде редовна и таква која што ќе може барем малку да ве испоти и да ви ја забрза работата на срцето.


Излезете кога надвор има сонце
Излезете надвор без разлика на температурата, бидејќи од свежиот воздух можете да имате само корист. Сончевата светлина дополнително ќе ви го подобри расположението. Имено, поради малото ниво на сончева енергија, опаѓа и нивотот на хормонот серотонин кој е заслужен за доброто расположение, па тогаш сме понаклонети за да ја побараме утехата во слатките и во храната.


Јадете плански
За да не дојде до зимско дебелеење, најважно е да ги контролирате прехранбените навики. Напролет и налето не е тешко да се јаде здрава храна, кога од тезгите ни се смеат јагоди, малини, брокули, грашок.... Но, в зимата убавото и свежо овошје и зеленчук го има помалку, а покрај тоа навикнати сме в зима да готвиме повеќе грав, јадеме специјалитети од компири потпечени со путер, задолжителното свинско, а навечер гледаме телевизија со чипс или пуканки...

Токму заради ова, јадете паметно и плански, а тоа значи дека треба да рзамислите и да составите едно мени кое ќе биде разновидно, да не биде премногу калорично и да не биде толку рестриктивно да патите по храната која ја сакате, за да не завршите на крајот со некое помрсно свинско ребренце.

Кога ќе ве обземе неодоливата глад, не е лошо наместо чипс да посегнете по мали и здрави оброци што заситуваат:

- парче мисиркино месо со оризов или препечен крекер
- супа од грашок
- парче леб премачкан со некој млечен намаз и парче од димен лосос
- житарки со млеко или јогурт
- околу 100 грама пченкарен (тортиља) чипс со малку лут сос
- моцарела со домат, препечен леб и малку маслиново масло


Зимска депресија и прејадување
Со оглед на тоа што депресијата е сериозна болест, треба во таквите случаи итно да се јавите кај вашиот доктор. За среќа ние овде не говориме за вистинска депресија, туку за тоа дека поголемиот број на луѓе во зимата и во раната пролет се едноставно потажни, помалку мотивирани и полошо расположени отколку инаку.


Научниците велат дека добар дел од причините лежи во недостатокот на светлина, движење и прехраната која е сиромашна со важните нутриенти. Тоа всушност е одлично, бидејќи ако внимавате на прехраната и вежбите за тело, односно ако малку повеќе си посветите внимание и ако бидете опкружени со весели, оптимистички луѓе, тогаш сте ја одработиле превентивата од зимската депресија.

20.11.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika