Американската агенција за борба против растурање на наркотици наместо да се справува со препродавачите на дрога ги прислушкува телефонските разговори на претседателот на Боливија, обвини Ево Моралес.
Односите помеѓу Боливија и САД се влошени последните неколку месеци, посебно по одлуката на Боливија да го протера американскиот амбасадор обвинувајќи го дека ги потикнува антивладините протести како и дека неточно тврди дека Боливија не соработува во борбата против нарко дилерите.
„Нам не ни се потребни американски агенти во борбата против наркодилерите бидејќи тие го прислушкуваат претседателот на Боливија“, рече
Моралес на еден говор во Вашингтон.
Администрацијата на
Џорџ Буш во заминување ги демантира овие обвинувања кои се почесто стигнуваат од левичарскиот претседател на Боливија.
Моралес изјавил дека очекува подобрување на односите помеѓу САД и Латинска Америка кога новиот шеф на Белата куќа
Барак Обама на 20 јануари ќе ја преземе должноста.
20.11.2008