Ајли Вилбур со опомената пред одземање на куќата
Еве една интересна вест особено за жителите на Кондово, Арачиново, Липковско и тн. Долгот од еден цент, што за комуналии го должела 74-годишната Ајли Вилбур од Атлбороу во сојузната држава Масачусетс, можело да ја чини одземање на куќата во која живее од 1959 година.
Луѓе од целата земја се јавувале кај градските власти нудејќи тие да го платат центот наместо слепата старица, што го должела за вода, а поради кој добила известување дека ќе и биде одземен имотот, вклучувајќи ја и куќата.
Долгот го подмирил
Антонио Вивеирос, поранешен пратеник во собранието на Атлбороу, кој со чекот испратил и пропратно писмо во кое наведува дека е срамота сојузната влада да потроши милијарди долари на даночните обврзници за да ги спасува банките од банкротство, а истовремено и се заканува на слепа старица дека ќе ја исфрли на улица поради еден цент.
Ќерката на госпоѓа
Вилбур, Роуз Бридерсон, прва ја забележала опомената со датум од 10 ноември во која се известува нејзината мајка дека ако не го плати долгот од 10 декември, ќе и биде наплатена казна од 48 долари и и се заканува одземање на куќата.
„Тоа беше многу вознемирувачки. Ми скокна притисокот заради тоа“, вели госпоѓа Вилбур која живее во улицата Глен уште од 1959 година.
Контролорката
Дебора Маркочио вели дека сметката на еден цент е пратен заедно со уште 2000 други, бидејќи градот се обидува да си ги наплати долговите и дека компјутерот автоматски ги испечатил опомените за сите адреси каде имало должници.
20.11.2008