Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Нашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.

Домашните поведоа во 24 минута откако Џудовиќ биеше од слободен удар, а топката се одби од живиот ѕид и на чуден начин заврши во нашиот гол. Кривицата за овој гол оди кај Новески кој не реагираше најдобро и им дозволи на домашните да погодат од неизгледна ситуација.

Во 33 минута судијата им подари пенал на Црногорците, а Јоветиќ без поголеми проблеми погоди за 2:0.

Пред самиот крај на полувремето Грнчаров имаше добар обид со глава, но ја пропуштивме и таа прилика.

Во вториот дел Катанец во игра ги внесе Гроздановски, Мазнов, Стојков и Тасевски, а излегоа Пандев, Наумовски, Новески и Милошоски. Со новите фудбалери покажавме многу динамична игра, ја контролиравме топката и навистина бевме подобриот тим.

Мазнов и Стојков имаа непрецизни обиди од далечина, Стојков не успеа да погоди во соло акција, но затоа во 85 минута Горан Попов го постигна вториот гол во дресот на македонската репрезентација.

Погодокот го видовме откако прво Гроздановски ја започна акцијата, Мазнов ја пропушти, а Стојков ја промаши топката, за најпосле таа да дојде до Попов кој смирено ја пласираше во голот.

Погледнете го погодокот на Попов


Погледнете ги сите погодоци!

За разлика од сениорската, нашата репрезентација за играчи под 21 година загуби со 3:0 од селекцијата на Албанија.
19.11.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika