Необично влакнесто сусштество забележано е два пати во една недела, па весникот Гардијан отвори телефонска линија на која граѓаните ќе можат да се јават ако дојде до нови средби.
Непознато суштество што личи на Бигфут веќе една недела успешно ги плаши жителите на трите североисточни лондонски предградија Ванстед, Лејтонстоун и Вудфорд.
Мистериозното суштество прв го забележал фитнес инструкторот
Мајкл Кент, чија приказна ја пренесе Гардијан.
„Бев на риболов со брат ми и татко ми на езерото блиску шумата Епинг, кога го забележав чудното суштество. На почеток помислив дека е мечка поради темната боја и влакната на грбот, меѓутоа кога му се доближив и подобро го видов, сфатив дека тоа не е животно“, ракажа Мајкл.
Неговото сведочење во меѓувреме беше исмејувано, особено од чуварите кои велат дека во шумата нема ништо поголемо од лисица, н повторно се крена прашина во вторникот откако и адвокатката
Ирене Деинти го видела, но улиците на Вудфорд!
„Сигурна сум дека видов суштество кое не е човек или било какво познато животно. Ме пресретна во моментот кога излегував од станот, а потоа без проблем го прескокна ѕидот и појде во дворот на локалниот паб“, изјави Деинти.
Бидејки нејзиниот опис на Бигфутот е идентичен на оној што го видел Кент, Гардијан одлучи да ја прифати приказната сериозно, и да отвори телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријават ако имаат средба со необичното влакнесто суштество.
19.11.2008