Руската дума денес во конечно го одобри новиот мандат на претседателот на државата, кој ќе се продолжи од четири на шест години а на пратениците од четири на пет години.
За промена на Уставот гласаа 351 пратеник додека против беа 57. Неопходен минимум на гласови за усвојување на амандаман е 300.
Рускиот Устав ќе ја наведе одредбата дека „граѓаните на Русија ќе бираат претседател на рок од шест години, врз основа на општо, директно, тајно гласање“, а „пратениците на Државната дума на рок од пет години“.
Измените на Уставот ги предложи претседателот Дмитриј Медведев на петти ноември а на 11 ноември упати и официјално барање до Думата.
Аналитичарите во Москва сметаат дека со ова се отвора патот на премиерот Владимир Путин за повторно доаѓање на местото шеф на држава, и тоа на рок од шест години.
19.11.2008